Љубовта е на Интернет! Славни парови што се запознале преку социјални мрежи

Ако размислите, славните ѕвезди имаат многу поисполнет распоред од нашиот, па затоа и воопшто не е чудно тоа што тие не можат да најдат ниту една слободна минута во денот за да запознаваат нови луѓе. За среќа, социјалните мрежи им помагаат во ова! За некои од нив, забавното допишување прераснало во неочекувана врска, докажувајќи ни дека љубовта може да се роди и на Интернет. Погледнете за кои парови станува збор.

Амбер Роуз и Виз Калифа

Нивната врска започнала многу интересно, односно со објавата на Калифа дека Амбер Роуз е неговата славна симпатија. Токму таа изјава ја инспирирала Амбер да стапи во контакт со Виз преку социјалните мрежи, што резултирало со љубовен состанок. Со текот на времето тие стапиле и во брак, но за жал се развеле во 2016 година.

Иги Азалеа и Ник Јанг

Уште една сосема невина објава на социјалните мрежи довела до запознавање на две славни ѕвезди. Станува збор за објавата на Ник Јанг, кој на Твитер објавил дека Иги е неговата женска симпатија на средата. Таа одговорила на овој твит, и пред да трепнете тие веќе биле верени. Но, како и повеќето врски на познатите личности, и оваа не добила среќен крај.

Аријана Гранде и Џај Брукс

Јутјуб ѕвездата Џај Брукс на својот канал објавил видео во кое објаснил зошто токму Аријана Гранде би требало да излезе на состанок со него и верувале или не, тој ја остварил својата желба. Оваа врска траела нешто повеќе од една година.

Даниел Цезар и Џејк Т. Остин

Кој вели дека соништата на фановите не се остваруваат? Даниел Цезар е девојка што постојано му пишувала на младиот актер Џејк, и после 5 години, тој конечно ѝ одговорил. Иако можеби 5 години ви делува како долг период, сепак чекањето се исплатело, бидејќи тие од 2016 година се сè уште заедно.

Рики Мартин и Џван Јозеф

И Рики Мартин го запознал својот вереник на Инстаграм. Откако ги гледал неговите објави на Инстаграм, тој решил да му прати порака. Тие се допишувале 6 месеци, без да се видат и да се чујат и зборувале исклучиво за уметноста. По некое време, Рики одлучил да го посети Џван во Лондон, кога тие конечно се запознале. Денес, сè уште се заедно.

Менди Мур и Тејлор Голдсмит

Ова е само уште еден пар од Инстаграм. Познатата актерка објавила фотографија од албумот на бендот Dawes и токму тоа го поттикнало Тејлор да ѝ се јави. Нивната врска завршила со брак, а Менди дури и се заблагодарила јавно на Инстаграм затоа што така го запознала својот сопруг.

Дознајте и кои 7 славни парови морале да продолжат да работат заедно откако раскинале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар