Нов фитнес тренд: 20-минутен интензивен тренинг со неверојатни резултати

Иако сите оние што се занимаваат со активно вежбање губат килограми, тие што биле на програмата наречена HIIT (high-intensity interval training) – тренинг со високо интензивен интервал, губеле 28,5% повеќе килограми од останатите. Оваа програма вклучува кратки интервали на интензивно вежбање, што е поефикасно за губење килограми од долгото вежбање со низок интензитет и токму тоа го покажала една неодамнешна студија што била објавена од страна на BBC.

Овој тренинг не трае подолго од 20-тина минути, а може да се прилагоди и за почетници и за експерти. Системот може да се примени на различни начини, како кружни тренинзи со користење на сопствената тежина, со тегови, со трчање и одење или комбинирање на сите методи во еден тренинг. Важно е додека се вежба да дадете сè од себе, а во текот на одморите да му дозволите на телото да се релаксира и да се подготви за следниот интервал кога повторно треба максимално да се ангажирате.

Се покажало дека оние што оделе на тренинг со високо интензивен интервал изгубиле и до 28,5% повеќе килограми од оние што вежбале умерено долго. Сепак, добро е да се запомни дека овој вид вежби не се за сите. Тренингот го зголемува ризикот од повреди и води кон поголем кардиоваскуларен стрес, па осигурете се дека сте во добро физичко здравје пред да го пробате овој метод на вежбање.

Прочитајте ги и овие 12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар