12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер

Сè повеќе и повеќе луѓе почнуваат да водат здрав живот. Со цел да изгледаат и да се чувствуваат подобро, многумина почнуваат со фитнес. Но како и сè друго, и вежбањето бара мудар пристап. Следниве факти ќе ви помогнат да го направите поефективно и попријатно, па добро е да ги имате на ум.

1. Ќе треба долго да чекате за видливи резултати

12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер

Не очекувајте брзи резултати кога ќе почнете со вежбање. Оние кои сакаат да бидат во форма до летото или само за неколку месеци, најверојатно нема да успеат. Се разбира, сè зависи од вашата сегашна тежина, телесна состојба и возраст, но воглавно ќе ги забележите првите резултати после 2-3 месеци. За другите да ги забележат промените на вашето тело ќе бидат потребни околу 6 месеци.

Не заборавајте дека редовното и често вежбање и начинот на исхрана се столбови на вашиот успех. Нема да постигнете многу ако вежбате 2 пати неделно. Потребно е да имате барем 2 кардио и 3 тренинзи со тежина неделно. Ова не значи дека треба да минувате 5 денови во теретана, понекогаш и прошетката е добра кардио вежба.

2. Нема секогаш да ги постигнете посакуваните резултати

12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер

Ако имате замислено како изгледа вашето идеално тело што сакате да го добиете со вежбање, бидете подготвени да не ја постигнете целта. Најпрво треба да обрнете внимание на вашата генетика и вашата физичка градба. На некои луѓе мускулите им растат побавно, а некои имаат подобар метаболизам. Покрај тоа, професионалците користат посебен начин на исхрана за да ја постигнат посакуваната форма. Затоа немојте да поставувате нереални цели за да не ја изгубите мотивацијата.

3. Доволно се 5-7 тренинзи со тренер

12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер

Личните тренери сакаат да кажуваат како на секоја личност ѝ треба посебна програма и дека нема да успеете сами. Ова не е вистина. Потребен ви е тренер што ќе ви ги покаже правилните техники, а 5-7 тренинзи со него се сосема доволно за ова. Потоа можете да вежбате и сами. По некое време можете да пробате и со друг тренер што ќе ви каже дали правилно ги изведувате вежбите.

4. Само основните вежби помагаат во градењето убаво тело

12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер

Тренерите заработуваат повеќе кога клиентот им останува подолго. Поради ова можат да ги игнорираат основните вежби и да ви покажуваат вежби само за една група мускули. Но треба да се фокусирате на основните за да добиете добри резултати. Некои од основните вежби се исчекорувања, планк, кревање тегови, чучнувања и склекови. Потребно е да забележите кои од овие вежби најмногу му одговараат на вашето тело. Важни се и вежбите за една група мускули, но не треба да се ограничите со нив.

5. Не ви е потребна посебна спортска исхрана

12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер

Луѓето кои почнуваат со вежбање настојуваат да веруваат во магијата на спортската исхрана. Во реалноста нема потреба од посебен начин на исхрана и додатоци, доколку се храните разновидно. Немојте да го правите ова, дури и ако тренерот инсистира да додадете протеини или согорувачи на масти во исхраната. Здравата исхрана со редовно вежбање ќе ви помогне да го постигнете она што го сакате.

6. Веројатно нема целосно да се ослободите од целулитот

12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер

Веројатно веќе на сите им е јасно дека не постои козметика против целулит. Сепак, многу луѓе веруваат дека со вежбањето ќе се ослободат од него. Но не постојат вежби за отстранување целулит и дури и ако редовно вежбате и се храните здраво, тој може да остане. Можно е само да се намали неговата видливост.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар