Каква карма ве очекува во 2019-та година според вашиот хороскопски знак?

Со почетокот на 2019-та година започнаа и многу промени. Најдобро ќе биде да знаете какво влијание ќе имаат овие промени на вашиот хороскопски знак. На овој начин ќе можете да ги направите потребните подготовки и да не му дозволите на периодот да има лошо влијание на вас. Погледнете каква карма ве очекува во текот на оваа година.

Каква карма ве очекува во 2019-та година според вашиот хороскопски знак?

Овен

Ако сте барале мир, сте го почувствувале за време на јануарската лунарна еклипса. Пробајте да медитирате или да одите на јога. Ако имате какви било проблеми, немојте да се опседнувате со нив. Останете смирени и обидете се да се поврзете со вашето внатрешно јас. Каква промена и да ви донесе оваа година, можете да се справите со неа доколку останете смирени.

Бик

Вашиот живот оваа година ќе биде малку нестабилен. Поради присуството на бунтовничкиот Уран, ќе се случат некои ненадејни промени. Тие можат да бидат поврзани со вашата врска со себе, или со врските што ги имате со другите. Можеби ќе забележите дека партнерот има премногу променливо расположение, а тоа има влијание на вашата врска. Но постои надеж. За време на јулската соларна еклипса повторно ќе ја почувствувате стабилноста.

Близнаци

Можно е да се чувствувате малку анксиозно во врска со вашиот живот. Работите се одвиваат пребрзо и не можете да држите темпо. Чувствувате голем стрес. Поради ова можеби ќе сакате да погледнете назад и да откриете колку мирно било минатото. Ова е добар начин да се справите со стресот. Доколку сте премногу носталгични за минатото, ве очекуваат добри вест – оваа година можеби ќе имате средба со пријател од вашиот „претходен“ живот.

Рак

Ве очекуваат многу позитивни промени. Ќе имате поголема самодоверба за животот. Ова е ваша година, па задржете го оптимизмот. Ве очекуваат многу можности, само немојте да станете алчни кога ќе се справувате со нив. Доколку се чувствувате нестабилно поради многуте промени, чекајте ја соларната еклипса на 2-ри јули и ќе ја почувствувате потребната стабилност.

Лав

На почетокот нема да се чувствувате удобно. Ништо добро нема да се случи и ќе бидете анксиозни за вашата иднина. Но на крајот ќе го добиете она што сте го посакувале оваа година. Потребно е да имате трпение. Сфатете ја целата ситуација како тест.

Девица

Малку ви е страв од промени. Сте ги искусиле претходно и емоционално ве потрошиле. Но треба да знаете дека промените се неизбежни и оваа година ве очекуваат уште. Добрите вести се што се позитивни. Можно е да се вљубите во личност која навистина ќе се грижи за вас, а можеби и ќе ја сфатите вредноста на некоја врска од минатото и ќе сакате да ја обновите страста.

Вага

Веќе некое време сте немале среќа во љубовниот живот, но 2019-та ви носи решение на сите проблеми. Обидете се да го разберете проблемот и работете на решенијата. Можеби ќе ви биде потребно време, но врските бараат работа и трпение. Можно е да се појави проблем на работното место што ќе ви го наруши внатрешниот мир. Обидете се да најдете начин да се смирите.

Скорпија

Помирени сте со промените и знаете дека се неизбежни. Она што всушност ви е потребно е време откако ќе се случи некоја промена. Но проблемот оваа година е што промените ќе дојдат многу брзо и речиси ќе ве срушат. Можно е да го изгубите вашиот оптимизам и да ви изгледа како да ви се растура врската. Но ништо не е изгубено. Движете се напред и полека ќе научите како да се справите.

Стрелец

Постојано размислувате да направите нешто во врска во вашите идеи. Ги имате многу, но не ги знаете вистинското место и вистинското време за да ги реализирате. Оваа година ви носи можност за тоа и ќе можете да ги покажете вашите идеи. Сепак, ограничете ги вашите очекувања и немојте да летате превисоко.

Јарец

Самодовербата е клучна за успех, а 2019-та година ќе ви помогне да ја зголемите вашата. Оваа година може да ви донесе и нова врска, па ќе запознаете навистина посебна личност. Доколку сте во врска, зголемената самодоверба ќе ви помогне да ја направите уште постабилна. Бидете силниот партнер во врската. Оваа година животот ќе ви се движи побрзо, но искористете ја самодовербата за најлесно да се справите.

Водолија

Неопходно е да испланирате некои работи пред да ги направите. Поради ова, добро размислете пред да преземете нешто импулсивно оваа година. Понекогаш ситуацијата ќе ви изгледа како стапица, но обидете се да останете силни до летото. Тој период ќе почнете да се чувствувате подобро. Исто така, не заборавајте на вашето семејство во текот на овој процес.

Риби

Вие се држите отворени за разни можности, па поради ова можете навистина да ја искористите оваа година. Ќе ви донесе многу можности на професионално ниво. Овие настани што можат да ви го променат животот можат да бидат премногу за секоја личност. Но, според вас ова е свесна промена што морало да се случи. Оваа година ќе бидете навистина успешни и ќе имате контрола.

Прочитајте го и вашиот љубовен хороскоп за февруари 2019-та година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар