7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

Дали во вашето секојдневие сте се соочиле со ситуација каде што ви бил потребен некој генијален пронајдок за да ви ја олесни работата? Па, добрата вест е што веќе постојат многу такви уреди кои ќе ве изненадат со нивната функционалност, а во продолжение погледнете некои од тие пронајдоци кои ќе ве остават без зборови.

1. Линијар во вид на прст

7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

Повеќето луѓе ги користат нивните раце кога се обидуваат да објаснат одредена големина на нешто. Сега, своето мерење можете да го изразите прецизно со помош на овој линијар.

2. Испраќајте пораки дури и кога немате мрежа

7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

Уредот goTenna ви овозможува да испраќате пораки на слични уреди, дури и кога немате Интернет, а може да биде корисен и на места каде што нема мрежа.

3. Пенкало кое ја скенира бојата

7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

Ова пенкало кое може да користи која било боја, најверојатно е сон на секој уметник или дизајнер. Овој уред го скенира објектот, а потоа ја имитира бојата што е користена. Генијално!

4. Уред за комуницирање помеѓу кучињата и луѓето

7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

No More Woof е уред кој ви овозможува директно да комуницирате со вашето куче. Кучињата што зборуваат повеќе не се дел само од цртаните филмови. Со помош на овој уред, вашиот крзнен пријател ќе биде во можност да ви каже кога е гладен или кога сака да го прошетате.

5. Растение кое расте во темнина

7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

Неодамна било создадено растение кое свети во мракот. Со користење гени од светлосни бактерии, научниците развиле тутун кој произведува своја сопствена светлина, без да користи батерија или соларни плочи.

6. Преносен мини-печатач

7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

Израелската компанија ZUtA има развиено едноставен џебен печатач, кој може да печати дури и кога сте надвор од вашата канцеларија или вашиот дом. Сѐ што ви треба е паметен телефон за да го контролирате овој уред.

7. Прстен кој го скенира текстот и го чита на глас

7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

FingerReader е прстен кој го скенира текстот и го чита на глас, а исто така може и да го преведува. Уредот е дизајниран специјално за слепите лица и лицата со оштетен вид. Кога личноста сака да чита нешто, таа ќе треба само да го стави прстот на површината со текст и уредот ќе ги чита зборовите гласно. Кога читателот ќе отстапи од линијата на текстот, прстенот почнува да вибрира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар