10 случаи кога компјутерите станале непријателски настроени кон луѓето

Компјутерите и автоматизацијата прават вистинска револуција во светот. Големи се шансите дека тим инженери се обидува да направи машина или софтвер кој ќе го замени и вашето работно место. Постојат многу малку работни позиции кои некој не се обидел да ги дополни со роботи. Можеби сè уште не треба да се тресеме од страв дека компјутерите преземаaт сè, но од друга страна сепак постојат ситуации во кои машините и вештачката интелигенција биле надвор од контрола. Погледнете 10 случаи во кои компјутерите станале непријателски настроени кон човекот.

1. Смрт од робот

(1)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

Првиот забележан смртен случај од робот се случил во 1979 година. Роберт Вилијамс работел во фабрика на Форд кога една роботска рака го удрила и го убила. Бидејќи не бил свесен дека го убил, роботот си продолжил со работа уште половина час пред да биде откриено телото на Роберт. Смртта на Вилијамс била прва, но не и последната од „раката“ на машините. Раните индустриски роботи немале сензори кои им покажувале дека има некој во близина.

Денес речиси сите машини се направени така што избегнуваат повредување луѓе, но сепак уште се случуваат овие работи. Во 2015 година, Ванда Холбрук, искусен машински техничар, била убиена додека поправала индустриски робот. Таа работела во средина каде што не би требало да има активни машини, но некако и покрај безбедносните протоколи, роботот ја удрил Холбрук по главата.

2. Вештачката интелигенција на Фејсбук која си создала свој јазик

(2)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

Во 2017-та година, од Фејсбук одлучиле да пуштат две вештачки интелигенции на нивната социјална мрежа. Но, работите не оделе по план. Интелигенциите почнале да разговараат меѓу себе, на почетокот на англиски, но потоа на јазик кој го разбирале само тие. Еве како изгледал дел од разговорот:

Боб: јас можам јас јас сè останато……. (i can i i everything else…….)
Алис: топките имаат нула за мене за мене за мене за мене за мене (balls have zero to me to me to me to me to me)
Боб: ти јас сè останато…… (you i everything else……)
Алис: топките имаат топка за мене за мене за мене за мене за (balls have a ball to me to me to me to me to)
Боб: јас јас можам јас јас јас сè останато…… (i i can i i i everything else……)

Некои сметаат дека треба да бидеме построги со вештачките умови кои ги создаваме. Наводно роботите создале свој јазик бидејќи не им било наредено да се држат до границите на англискиот јазик при комуникација. Исто така со вештачката интелигенција, барем сега засега, ја имаме опцијата да ги „исклучиме од струја“ ако нешто навистина тргне наопаку.

3. Кинески четбот бил строго против Комунистичка партија

(3)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

Во 2017 година, апликацијата Tencent QQ претстави два слатки четбота наречени Бејби Кју (Baby Q) и Литл Бинг (Little Bing) кои заземале форма на пингвин и мало девојче. Но наскоро почнале да кажуваат работи кои не биле баш слатки. Тие биле програмирани да учат од разговори за полесно да комуницираат. Кога еден корисник изјавил: „Да живее Комунистичката партија“, Бејби Кју го прашала: „Дали сметаш дека таков корумпиран политички режим може да живее засекогаш?“ На друг корисник пак му рекла: „Потребна е демократија!“ Роботите брзо биле повлечени.

4. Беспилотни автомобили

(4)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

За луѓето кои мразат да возат, беспилотните автомобили се нешто најдобро. Но за жал, веќе се има случено и првата смрт со овие автомобили во 2016 година. Џошуа Браун бил убиен кога му дозволил на својот Тесла автомобил сосема сам да управува. Пред автомобилот се појавил камион и тој не успеал да застане на време. Сепак, вината била на Џошуа бидејќи беспилотната опција на Тесла не е дизајнирана за целосно да го замени возачот. Возачот сепак треба да ги држи рацете на воланот и да внимава.

Покрај овие технички проблеми, постои и еден филозофски. Во случај на несреќа, автомобилот ќе треба да донесе одлука каде што сите можни избори завршуваат со смртен случај. Прашањето е, дали автомобилот ќе прегази пешак за да го заштити сопственикот, или пак ќе го убие сопственикот за да го заштити пешакот?

5. Автопилотот на авион ја презема контролата

(5)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

Летот Quantas 72 се наоѓал на 11.278 метри над Индискиот Океан кога автопилотот ја презел контролата на авионот и во 2 маневри го свртел надолу. Првиот знак на неволја било исклучувањето на автопилотот од командите и вклучувањето на контрадикторни предупредувања. Одеднаш клунот на авионот се свртел кон земјата. Многу патници завршиле со скршени коски, потрес на мозокот и психолошка штета.

Кога се вратиле во Австралија, пилотите успеале безбедно да го слетаат авионот. Способноста за преземање на контролата од страна на пилотите ги спасила патниците, но има случај кога еден пилот со ментално нарушување намерно го срушил авионот во Франција, убивајќи 150 луѓе. Во овој случај, семоќен автопилот би бил од помош.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар