10 случаи кога компјутерите станале непријателски настроени кон луѓето - Part 2

10 случаи кога компјутерите станале непријателски настроени кон луѓето

6. Роботите на Википедија

(6)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

Најдобрата и најлошата страна на Википедија е тоа што секој може да ја уредува. Иако се случува луѓе да пишуваат лоши работи за нешта кои ги мразат, се случило тоа да го прават и роботи. Роботите на Википедија помагаат при формирањето на енциклопедијата, но истражување од 2017 година покажало дека овие роботи воделе војна помеѓу себе. Додека едниот робот уредува, другиот го гледа тоа како закана, па се обидува да го поправи. Потоа се вклучува и трет кој ја поправа „грешката“ на вториот и настанува збрка.

7. Разговорот помеѓу две Гугл Хоум направи

Гугл Хоум е направа со вештачката интелигенција позната како Гугл Асистант со која можете да разговарате. Вие можете да побарате од неа да најде факти на Интернет или пак, да ѝ кажете да ги намалите светлата или да го вклучи греењето. Ова е одлично ако оној што разговара со неа ги поставува вистинските прашања и добро ги интерпретира одговорите. Во спротивно, нештата стануваат надреални.

Две вакви направи биле поставени една до друга и почнале да разговараат. Разновидноста на темите кои ги покриле се навистина импресивна. Илјадници луѓе го имаат гледано разговорот, а една од машините веќе се прогласила за човек. Во една ситуација едната машина ѝ се заканила на другата дека ќе ја удри. Можеби е добра идеја тоа што биле дизајнирани без раце.

8. Румба која разнесува ѓубре

Ако не сакате да чистите, овие автоматски правосмукалки се одлични за вас. Иако нивната цел е да го чистат вашиот под, многу луѓе пријавиле дека тие го правеле спротивното. Во еден ваков случај, машината почнала да разнесува измет од куче низ домот. Сепак, машините не биле дизајнирани да препознаат измет, па обидувајќи се да исчисти, таа само направила поголема штета.

9. Ликовите од видео игрите стануваат посилни од човештвото

(9)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

Лоша вештачка интелигенција може да направи една видео игра да биде невозможна за играње. Но и спротивното се покажало како вистина, односно предобра вештачка интелигенција може да ѝ го направи истото на играта.

Elite: Dangerous е масивна мултиплеер игра за размена, истражување и борење во галаксијата. Во играта се вклучени вештачки интелигенции кои биле во интеракција сè до надградбата на софтверот во 2016 година. Сега овие вештачки интелигенции создаваат свои оружја во играта и ги користат против луѓето кои ја играат. Луѓето во играта се убивани и напаѓани од неверојатните тактики на вештачките интелигенции. Надградбата подоцна бил повлечена.

10. Хеликоптер на морнарицата на САД се упатил кон Вашингтон

(10)10-sluchai-koi-kompjuterite-stanale-neprijatelski-nastroeni-kafepauza.mk

Во 2010 година, беспилотниот хеликоптер кој бил дизајниран за надгледување изгубил контакт со управувачот. Кога ова се случува, дронот е програмиран да се врати во неговата база и да слета безбедно. Наместо ова, тој се упатил кон забранетиот воздушен простор над Вашингтон. Бил потребен половина час за морнарицата да воспостави контрола над леталото. Сите слични дронови биле приземјени за да се поправи софтверот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар