Најсмешните книги што можете да ги прочитате ова лето на плажа

Најсмешните книги што можете да ги прочитате ова лето на плажа

Кога помислуваме на книги за на плажа, првото нешто што ни паѓа напамет се трилер и мистерии. Но, ако размислите подобро, сигурно и вие ќе дојдете до заклучокот дека комичните книги се многу подобар избор доколку сакате вистински да се релаксирате. Па, доколку се мислите која книга да си ја порачате од Амазон за овогодишниот летен одмор, топло ви ги препорачуваме следниве комедии…

„Мојот живот како Божица“ – Гај Бранум (My Life as a Goddess)

Во оваа колекција есеи, комичарот Бранум зборува за сè од несаканите последици да се биде класификуван како „забавниот геј пријател“ до тоа како одлуката да се запише на правен факултет му помогнало да почне да се бори за себе.

„Мојот прекрасен очај“ – Ким Киркгардашиан (My Beautiful Despair)

Базирано на популарен Твитер профил, оваа кратка книга содржи комбинација од твитовите на Ким Кардашијан со филозофијата на Сорен Киркгард. Тоа што ќе го прочитате би било нешто во овој стил: „Јако испаднав од мојот план за вежбање и јадење. И лето е. Но, да се очајува за грев значи и да се потоне подлабоко во него.“

„Непогодна за сопруга“ – Менди Стедмилер (Unwifeable)

Искрен, хаотичен и урнебесно смешен, овој мемоар е напишан од страна на новинарката и комичарката Менди Стедмилер. Таа отворено зборува за својот бурен љубовен живот, како и за нејзиниот пат кон себеоткривање.

„Толку блиску до сра*е, што не можете ни да замислите“ – Рета (So Close to Being the Sh*t, Y’all Don’t Even Know)

Урнебесната ѕвезда од „Паркови и рекреација“ (Parks and Recreation) и „Добри девојки“ (Good Girls), Рета, знае како добро да ве насмее. Нејзината дебитантска колекција есеи допира секакви теми, од напуштање на плановите за медицински факултет, до демнење на актерската екипа на Хамилтон.

„Калипсо“ – Дејвид Седарис (Calypso)

Со својата препознатлива темна духовитост, Седарис се соочува со средновековноста и смртноста преку искуството со купување куќа на плажа со намера да научи како да се опушти.

„Не можам да се состанувам со Исус“ – Мајкл Аркноу (I Can’t Date Jesus)

Растејќи како црнец и хомосексуалец во Хјустон, Тексас, овој писател требало да научи како да се прифати во свет што постојано сака да го промени. Во својата дебитантска книга, тој зборува за сè од признавањето на мајка му дека е геј, до тоа како за малку ќе завршел во свештенство.

„30 пред 30“ – Марина Шифрин (30 Before 30)

Кога излегла од факултет и нашла работа во Њујорк, Шифрин била многу неинспирирана. Тоа траело сè додека не составила листа од 30 нешта што сакала да ги направи пред да наполни 30 години. Започнувајќи од желбата за возење велосипед преку мостот во Бруклин, до тоа да биде Интернет славна – нејзиниот мемоар е забавен, но и инспиративен.

„Замавнувања и промашувања“ – Симон Рич (Hits and Misses)

Во оваа колекција со 18 приказни, поранешниот писател за „Saturday Night Live“ се навраќа на апсурдноста на славата и реалноста во свет доминиран од инфлуенсери на социјални мрежи и вистински домаќинки.

Можеби ќе ви се допаднат и овие 6 одлични книги што ќе ве направат попаметни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар