3-те книги што му го промениле животот на Вил Смит

Вил Смит, младиот рапер кој го глумеше забавното дете од Филаделфија, успеал да заработи милиони уште пред да наполни 18 години. Пред неколку години тој почна да се појавува во големи блокбастери. Денес, кога ќе го погледнете неговото име во некој филм, голема е веројатноста да се возбудите и веднаш да сакате да го погледнете. Од инсталирање фрижидери во супермаркет, до станување еден од најпопуларните актери на светот, можеме слободно да кажеме дека Вил знае како се остваруваат соништата. Всушност, тој дури изјавил дека двете клучни нешта за успех се „трчање и читање“.

Овој пат ќе го прескокнеме трчањето и ќе се посветиме на книгите за кои Вил тврди дека му го промениле животот. Можеби ќе го направат истото и за вас.

1. „ Алхемичарот“ – Пауло Коелјо (The Alchemist)

3-те книги што му го промениле животот на Вил Смит

Малкубројни се книгите што можат засекогаш да го променат вашиот живот, а „Алхемичарот“ докажано спаѓа овде. Ова е бајка за авантурите на едно момче овчар кое се држи до верувањето дека кога сакате нешто во животот, целиот универзум прави заговор за да го добиете. Оваа инспиративна приказна имала неверојатен ефект на Вил Смит кој многупати ја спомнувал како негова омилен книга.

„Верувам дека можам да создадам сè што сакам да создадам. Цврсто верувам дека ние сме личноста којашто одбираме да бидеме.“

2. „Издвоени: Приказна за успех“ – Малком Гладвел (Outliers: The Story of Success)

3-те книги што му го промениле животот на Вил Смит

Ова е книга што суптилно го менува начинот на којшто се гледате себеси и другите. Книгата е збир од факти, анегдоти и интересна приказна во која авторот навлегува во вистинските причини за тоа зошто успешните луѓе, издвоените, се толку поразлични.

„Ја читав книгата на Малком Гладвел и тој зборува за концептот со 10.000 часови. Не постигнувате никакво ниво на умешност пред 10.000 часови.“

3. „Богат татко, сиромав татко“ – Роберт Т. Кијосаки (Rich Dad, Poor Dad)

3-те книги што му го промениле животот на Вил Смит

Ако вашата најголема грижа е да станете финансиски независни, ова е книгата што ќе го промени начинот на кој ги гледате парите и инвестициите. Авторот детално го опишува неговото лично искуство со татко му (кој бил сиромав) и таткото на неговиот најдобар пријател (кој бил богат). И двајцата мажи му помогнале да ја оформи неговата перспектива за парите и тој станал еден од најпродаваните автори и успешен финансиски советник.

Во едно интервју Вил признал дека не може да престане да размислува како „сиромав човек“ и дека сè уште се грижел за неговата финансиска состојба во иднина. Бидејќи неговите деца живеат луксузен живот, тие немаат искусено како е да се размислува како средната класа. За да им даде поразлична перспектива, ги замолил да ја прочитаат оваа книга за подобро да ги разберат парите и богатството.

Погледнете и кои се книгите што треба да ги прочита секој духовен трагач.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар