6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

Многу луѓе веруваат дека интелигенцијата е статичка особина. Сепак, постојат многу начини на кои можете да станете попаметни, а покрај тоа има и многу разни видови интелигенција. Еден од најдобрите начини да станете попаметни е, се разбира, читањето. Постојат безброј книги кои нудат нови погледи кон светот, кои ви помагаат да се разберете и кои ќе ви помогнат да станете попаметни.

1. Дневни ритуали: Како функционираат уметниците – Мејсон Кари (Daily Rituals: How Artists Work)

6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

Ова е неверојатна книга што ѕирка во умот на некои од најпознатите и најуспешните уметници, научници, музичари и писатели. Сакате да знаете како изгледал дневниот распоред на Ајнштајн? А распоредот на Томас Џеферсон? Кои биле дневните ритуали на најпаметните луѓе на Земјата? Оваа книга ќе ви каже сè за тоа и ќе ве направи попаметни, но и попродуктивни истовремено.

2. Мисли и збогати се – Наполеон Хил (Think and Grow Rich)

6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

Оваа книга не се фокусира толку на богатството колку на разбирањето на фундаменталните елементи што ја прават личноста успешна во која било област. Со оваа книга ќе научите што го движи светот, што создава промена и што нè мотивира. Овие лекции се од голема важност. Ако сакате да научите како да делувате и да го промените светот, ова е книгата за вас.

3. „Готвач за 4 часа“ – Тим Ферис (The 4-Hour Chef)

6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

Учењето и продуктивноста се многу повеќе за тоа како учите и правите нешто, за разлика од вашиот талент или вештини. Токму ова е лекцијата што ќе ја научите во книгата на Тим Ферис. Ако сакате да станете попаметни со сите ваши постапки, оваа книга ќе ви помогне. И не, книгата не е само за готвење, иако ќе научите и многу за тоа.

4. „Уметноста на војната“ – Сун Цу (The Art of War)

6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

Иако на површината ова дело е за човечкиот конфликт, неговата примена се проширува на целата човечка интеракција – од бизнис и маркетинг, до врски. Поради ова, книгата е задолжително четиво за многу директори и менаџери. Оваа книга ќе ви помогне да ја разберете човечката интеракција на фундаментално ниво и како да постигнете победа без конфликт.

5. „Размислување, брзо и бавно“ – Даниел Канеман (Thinking, Fast and Slow)

6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

Оваа книга е одлична за да научите како да размислувате во одредена ситуација. Повеќето до нас веруваат дека размислувањето е само процесирање мисли и дека постои еден вид. Но, има многу начини на коишто можете да го употребите мозокот во зависност од ситуацијата. Како што кажува и насловот, понекогаш брзото размислување е попродуктивно, а некогаш е подобро да размислувате бавно.

6. „Кратка историја на речиси сè“ – Бил Брајсон (A Short History of Nearly Everything)

6 одлични книги што ќе ве направат попаметни

Ова е една од книгите кои секој мора да ги прочита, и тоа што побрзо – толку подобро. Книгата дава приказ на целата историја до модерното време и опфаќа многу од она што го знаеме за животот и универзумот. Исто така поставува прашања како зошто сме овде и која е нашата цел.

Погледнете и кои се најкомплицираните книги што вреди да ги прочитате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар