Како да направите оригинално турско кафе

Како да направите оригинално турско кафе?

Tурското кафе или Türk kahvesi е верен придружник кој секое утро нѐ расонува и подготвува за предизвиците кој ги носи денот. Неизбежна е неговата подготовка и послужување кога ќе ви дојдат гости. Со локум, некое крцкаво колаче или само со две три коцки шеќер, турското кафе е препознатливо насекаде низ светот по неговата силна арома, густиот кајмак на врвот од шолјата и неверојатниот вкус кој никогаш не може да се заборави.

Како да направите оригинално турско кафе

Ако одите во Турција и сакате да нарачате турко кафе по ваш вкус, еве како да го направите тоа на турски јазик:

  • Türk kahvesi Sade – Горко турско кафе
  • Türk kahvesi Orta – Турско кафе со малку шеќер
  • Türk kahvesi Sekerli – Многу благо турско кафе

Сите го правиме турското кафе на различен начин. Некои чекаат водата да зоврие, па потоа го ставаат кафето, а некои пак го ставаат кафето пред да зоврие водата.

За да направите оригинално турско кафе, важно е да се знаат две работи. Прво, турско кафе се прави со деликатно смелени зрна кафе (пофино сомелени од еспресо) и варењето на кафето е најважниот момент од целиот процес на правење на кафето.

Еве како да направите оригинално турско кафе, до толку оригинално што ќе се чувствувате дека се наоѓате во ориентален кафе-бар во некој дел од Турција:

Како да направите оригинално турско кафе

1. Купете квалитетно, одлично смелено и добро испечено турско кафе Арабика (ако имате направа за мелење кафе, подобро би било сами да ги смелете зрната кафе).

2. Земете бакарно ѓезве или на турски cezve и наполнете го со вода, која претходно сте ја измериле во шолјата во која ќе го пиете кафето.

3. Во водата ставете две лажички кафе и шеќер, ако го пиете благо кафето. Мешајте додека сѐ се соедини.

4. Ѓезвето ставете го на рингла со средна топлина. Ова е моментот кога целото внимание треба да го насочите кон ѓезвето со кафе. Во ниеден момент не мешајте со лажичка.

5. Кога кафето ќе почне да врие, ќе забележите како пената избива на површина. Тогаш, тргнете го ѓезвето од ринглата и почекајте да спласне пената. Потоа, повторно ставете го ѓезвето на ринглата и почекајте пак да избие пената.

6. Во шолјата за кафе, ставете малку од кафето и пак ставете го на ринглата додека повторно не избие пената и така повторувајте три пати додека не го истурите целото кафе во шолјата.

Како да направите оригинално турско кафе

Турското кафе се служи жешко, во мала шолја за кафе и чаша ладна вода. Прво се пие една голтка вода па потоа се пие голтка од кафето. Водата всушност помага да се неутрализира вкусот во вашата уста за секој пат кога ќе пробате голтка од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус.

Вистинска умешност е да се знае кога точно треба да се престане со пиење на кафето, за да не се случи да голтнете малку од кашестиот остаток, кој паѓа на дното на шолјата. Кога ќе дојдете до тој дел, кој секако не се пие, не го фрлајте. Еве како да го искористите талогот од вашето испиено турско кафе. А пред да го искористите, превртете ја шолјата, почекајте да се исуши и со пријателите толкувајте ги фигурите исцртани на дното.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ванчо Орданоски Reply

    Перфектно!
    Токму така како што и јас го пијам.

    Само, треба да се знае дека не чини со некое од евтините кафиња (да не набројувам сега овде марки).

    Впрочем,зошто да не направите „road test“ на кафињата кои можат да се купат кај нас?

  2. Перо Reply

    Браво!
    Ах тоа “пусто“ турско кафе!
    Веднаш штом го прочитав овој прекрасен пост, отидов во кујната и си го сварив омилениот напиток. Дури и ми дојде на ум со првата голтка и ова:
    “Друго кафе кое сакаш оди пробај и напиј се, но на турско кафе секогаш врати се.“
    Навистина инспиративен пост!

  3. lence Reply

    ne obrnuvav vnimanie kako ke go svaram kafeto, no otsega sekogas vaka ke go varam,probav i neka proba sekoj super e fenomenalno.na site neka ni e na zdravje.

    • Марија Reply

      Секој ден го почнувам со турско, тоа ми е првиот и основен мотив да го напуштам мојот прекрасен кревет, но со кафето почнува утринската магија и волшебниот ден продолжува. Ви посакувам на сите максимално уживање во волшебниот напиток-турското кафе. Поздрав, Марија

  4. Ime Reply

    podgotovkata mozda e Turska, no kafeto ne e 🙂

  5. Марија Reply

    Во едно турско гратче Акисар, домаќинката турското кафе го подготвуваше во веќе зовриена вода, така што кога водата почнува да врие тогаш го додава кафето, така што е готово за неполна минута. Кафето е многу јако и густо и да го пијат со вода и парче локум кое го земаат на крај откако кафето е веќе испиено.

  6. Fros Reply

    Pa i ja taka go varam moeto tursko kafe…prekrasno e…jako i gorko

  7. ERKIN AJVAZ Reply

    Sakas tursko kafe so lokum, buyrum kaj mene.

Напиши одговор на Ванчо Орданоски Откажи одговор