Капучино колачиња
Вкусно колаче, кое истовремено ќе ве освежува и заблажува секое утро

Потребни состојки:
- 2 филџани саморастечко брашно
- ¾ филџан ванилин шеќер
- 1 филџан млеко
- 2 супени лажици еспресо во прав
- ½ филџан стопен путер
- 1 јајце
- ½ филџан издробено чоколадо за готвење како чипс
- зрна од кафе
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190° C. Подгответе 12 хартиени калапчиња за колачи. Ставете го путерот во тавче и полека мешајте го на ниска температура додека се стопи. Потоа, тргнете го од ринглата и оставете го малку да се олади. Во меѓувреме, во длабок сад сипете ги брашното и шеќерот. Во друг сад ставете го јајцето, млекото и еспресото во прав и мешајте со лажица додека кафето се изедначи. Подготвената кафе-смеса додадете ја во садот кај што се брашното и шеќерот, а потоа и стопениот путер. Мешајте додека се соединат состојките. Потоа, додадете ги чоколадните парченца и повторно промешајте, но кратко. Кога ќе завршите со изедначувањето на смесата, поделете ја на еднакви колачиња во форма на бомбици. Декорирајте ги со зрна од кафе и ставете ги да се печат 15-20 минути. Можете да се уверите дека се готови кога со чепкалка за заби ќе боцнете едно колаче и таа глатко ќе помине низ него. Извадете ги колачите од рерна и оставете ги 5 минути да се оладат.

Потребни состојки за врвот од капучино:
- 170-220 грама маскарпоне сирење
- 1 супена лажица ванилин шеќер
- ½ супена лажица еспресо во прав
- ¼ чоколаден чипс
Начин на подготовка на врвот од капучино:
Во длабок сад ставете ги италијанското сирење маскарпоне, шеќерот и еспресото и толчете со толчник додека не се измешаат убаво. Подготвената смеса распределете ја на секое колаче и на крајот декорирајте со чоколаден чипс.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
