Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

После уживањето во шолја ароматично кафе, талогот секогаш оди во корпата за отпадоци бидејќи се смета за неупотреблив. Меѓутоа, неговите алтернативни употреби би ви обезбедиле заштеда на време и пари при вршењето на некои споредни работи за себе или за домот.

1. Одлично решение за чешлање на вашето милениче

Можеби звучи чудно,  но талогот од кафето помешан со вода, може да претставува одличен регенератор за расчешлување за вашето домашно милениче. По неколку триења, крзното станува помеко а влакното посјајно и лесно за чешлање. Некои одат дотаму што велат дека, ги отстранува болвите и другите паразити од крзното, меѓутоа ова се уште не е доволно тестирано и докажано.

Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

2. Дезодоранс за фрижидер

Чувањето на различни видови храна во фрижидерот може да доведе до создавање на многу непријатна миризба. Измешаната миризба можете лесно да ја неутрализирате доколку во фрижидерот ставите сад со талог од кафе и неколку капки екстракт од ванила кој потоа ќе ја апсорбира миризбата.

Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

3. Пилинг за лице

Триењето на лице со кафе е смешна но одлична идеја. Кафето го отстранува мртвото ткиво од кожата и го затегнува. Може да ви зачува илјадници денари.

Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

4. Отстранувач на миризба од чевли

Активните луѓе и миризливите нозе обично oдат заедно. Талогот од кафето може да ви помогне да го намалите непријатниот мирис од чевлите или пак доколку сакате навистина да не ви мирисаат нозете тогаш можете редовно да ги миете со вода и екстракт од кафе.

Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

5. За посјајна коса

Секој сака да има блескава и сјајна коса. Некои луѓе фрлаат многу пари само да направат нивната коса да изгледа подобро и да изгледаат посамоуверено. Едноставно и многу поевтино ќе поминете доколку ја протриете косата со талог од кафе, потоа да почекате неколку минути и на крај убаво да ја измиете. Вашата коса ќе го добие посакуваниот холивудски изглед.

Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

6. Ослободете се од домашните мравки

Мравките можат да бидат доста досадни, а што е најтрагично тешко можете да се ослободите од нив. Но за некое чудо, мравките не го сакаат мирисот на кафето, па затоа за да не ви пречат најдете од каде доаѓаат и запрете ги малите штетници.

Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

7. Боја за сликање

Доколку добро ја измешате смесата, кафето може да ви претставува одлична кафеава фарба за сликање на ткаенини или уметнички дела а во комбинација со кна може да претставува одлична боја за тетовирање.

Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Tijana Reply

    Interesantno:D

  2. ferhunde Reply

    prakticno…

  3. natasha Reply

    zanimlivo,mnogu……

  4. beba Reply

    stvarno zanimlivo..

  5. marina Reply

    ke probam i ke vi kazam:)

  6. RottenLust Reply

    I kako da go naneseme talogot na kosata -.-” ?

  7. Kristina Reply

    Toa za vo frizider nema vrska.. Ne se stava talog, tuku se stava kafe, vo plasticna casa ili vo bilo sto. I nema apsolutno nikakov miris vo friziderot.. Moze da stoi nekolku nedeli istoto kafe..

Остави коментар