Немојте да ги гледате! Филмови кои носат лоша порака за сите жени

Немојте да ги гледате! Филмови кои носат лоша порака за сите жени

Слаби, зависни, оптоварени со сексот и мажите? Дали тоа сме навистина ние? Паметни, храбри, независни, милениумски жени кои се среќни и без мажи? Тоа се нашите епитети и сакаме такви филмови на малите екрани! Можеби на прв поглед овие 3 филма ќе ви бидат симпатични, меѓутоа погледнете ја подлабоката смисла на пораката која тие ја испраќаат и кажете дали сме во право.

1-nemojte-da-gi-gledate-filmovi-koi-nosat-losha-poraka-za-site-zhenite-www.kafepauza.mk_

1. Сексот и градот (2010)

Ние ја обожаваме оваа серија и се радуваме на секоја репризирана епизода како прв пат да ја гледаме. Меѓутоа, првиот и вториот дел од филмот „Сексот и градот“ благо нè разочараа. Иако се одлични за разонода, мора да укажеме на ситуациите кои навистина нè загрижуваат и кои праќаат сосема погрешна порака за жените.

Шарлот е загрижена, бидејќи мисли дека нејзиниот маж е опседнат со новата дадилка и се смирува во оној момент кога ќе дознае дека таа всушност е лезбејка. Од друга страна пак, Саманта поради стравот дека менопаузата ќе ѝ го наруши либидото има неумерено многу секс. И на крај, каква порака добиваме од овие дами: жените се толку многу очајни, што одат до крајни граници!

2. 50 нијанси сиво (2014)

Иако е заснован на книгата и донесе малку еротика и слободен дух (сепак живееме во 21 век каде што нема место за табу теми), мора да упатиме голема критика до главниот лик – Анастасија Стил.

Освен што таа е многу несигурна во себе, откако ќе го запознае Кристијан целиот нејзин живот се сведува на мажите. Да го додадеме фактот дека е прикажана како невина девојка која поради него ги прифаќа сите перверзии. Дали треба да исполнуваме нечии сексуални желби? Да, но само ако сакаме и ги споделуваме истите.

3. Најлошата ноќ во мојот живот (2013)

За оние дами кои го немаат погледнато филмот, еве краток опис:

Паметна и убава новинарка (ја глуми Елизабет Бенкс) сонува да стане телевизиско лице, меѓутоа една ноќ со странец ќе ја доведе до бројни незгоди. Оставена е во Лос Анџелес, без пари, кола и документи и мора да смисли начин како навреме да стигне до најважното интервју во својот живот.

21 век e и сосема ја поддржуваме идејата дека жената треба да се чувствува самоуверено во своето тело и да ужива во сексот. Меѓутоа, зошто одговорна девојка која утредента ја чека важно интервју би се нашла во креветот не непознат маж и би испила толку многу пијалак што нема да се сеќава на ништо? Зар тоа не е малку понижувачко и неодговорно однесување? И дали таква девојка треба да биде модел на другите?

Знаеме дека ова е симпатичен и смешен филм, но ние сме овде да ги штитиме правата на жените и да се штитиме од сарказмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    site gi imam gledano

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор