Филм: Такси 5 (Taxi 5)

Филм: Такси 5 (Taxi 5)

Петтото продолжение на легендарната франшиза

Режија: Франк Гастамбид

Улоги: Франк Гастамбид, Малик Бентала, Бернард Фарси

Времетраење: 122 минути

Премиера: 11 април 2018

Јазик: француски

Жанр: комедија, акција

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Поминаа точно 20 години од првиот Такси филм што преку ноќ стана огромен хит. Со оглед на тоа што оригиналната приказна беше скоро беспрекорна, не треба да нè чуди фактот што секое следно продолжение беше полошо од претходното. Едноставно ништо не може да го достигне ефектот на првиот дел, а уште помалку да го престигне. Но, тоа не значи дека продолженијата не треба да се гледаат, баш напротив, тие се еден од најдобрите избори за филмски маратон со пријателите. Истото важи и за најновото продолжение, коешто по повеќе од една декада, повторно ја враќа добро познатата франшиза на големото платно.

Во само неколку зборови, станува збор за брза комедија. Тоа значи и дека не треба да очекувате богата приказна, добро изградени карактери и којзнае какви пресврти – целта на овој филм е само да ве забавува во период од 1 час и 42 минути и да ви помогне барем малку да се опуштите да се расположите. Тука вреди да се спомне и автомобилот – легендарното бело такси, што без сомнение ја има главната улога во овој филм. Уште во првиот момент штом го видите, ќе посакате да свртите со него барем еден (ако не и 100-тина) круг околу градот. Па, ако сте љубители на оваа франшиза, погледнете го и најновото продолжение. Но, не влегувајте во кино салата со преголеми очекувања бидејќи постои шанса да бидете разочарани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар