ТВ серија: Изгубени во вселената (Lost in Space)

По срушувањето на непозната планета, членовите на семејството Робинсон се борат за да преживеат и да се вратат на својот пат до првата човечка колонија на Алфа Кентаур

Главни улоги: Тоби Стивенс, Моли Паркер, Тејлор Расел, Мина Сандвол, Максвел Џенкинс

Жанр: авантура, драма, научна фантастика

Креатори: Ирвин Ален, Мет Сазама, Брк Шарплес

Премиера: 13 април 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 6 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 106 votes, average: 8.83 out of 10 (6 гласа, просек: 8.83 од 10, гласано)

Loading...

 

Покрај научно фантастичните ТВ серии како Пространство (The Expanse) и Изменет јаглерод (Altered Carbon), тешко е да се замисли дека има простор за уште една вселенска драма што би можела да се следи паралелно со нив. Имајќи го тоа на ум, Изгубени во вселената (Lost in Space) совршено се совпаѓа на оваа листа. И не само тоа, туку таа ве води во сосема спротивна насока. Пространство и Изменет јаглерод се навистина тешки за гледање, па поради тоа им се допаѓаат само на екстремните љубители на научната фантастика, како и на оние што сакаат приказната да им го разработи мозокот и да ги натера да размислуваат. Изгубени во вселената, и покрај тоа што има комплексна содржина, богати карактери и неверојатни специјални ефекти, е малку полесна за гледање, правејќи ја одличен избор за пошироката публика.

Приказната се врти околу семејството Робинсон. Џон (Тоби Стивенс), Морин (Моли Паркер), Џуди (Тејлор Расел), Пени (Мина Сандвол) и Вил (Максвел Џенкинс) решиле да го почнат својот живот од почеток далеку од Земјата каде што по падот на големо небесно тело познато како „Божиќна ѕвезда“, целата планета е обвиена во густа магла. Луѓето се осудени да живеат без можноста да видат сино или ѕвездено небо и не можат да излегуваат надвор од безбедноста на своите домови без маска на лицето. Кој би сакал таков живот? За среќа, иако дејството се случува во блиска иднина, човештвото веќе има начин како да патува низ вселената, па малку по малку, тие се преселуваат во новата колонија на ѕвездениот систем Алфа Кентаур.

Вселенскиот брод Резолут веќе е на својот пат кон Алфа Кентаур, носејќи нова тура научници и колонисти меѓу кои се и семејството Робинсон. Но, бродот ќе биде нападнат и колонистите ќе се обидат да избегаат во нивните летала наречени Јупитер. Пред да имаат можност доволно да се оддалечат, заедно со Резолут, сите ќе пропаднат во еден вид црвја дупка. Вселенскиот брод ќе успее да се задржи во орбитата на планета што од никаде ќе се појави, но сите летала Јупитер ќе се срушат на неа. За среќа, условите на планетата многу наликуваат на Земјата, па тоа ќе им овозможи доволно време на преживеаните да се најдат и да оформат план како повторно да се вратат на Резолут.

Сигурно веќе претпоставивте дека не би било баш лесно да се најдете на непозната планета, без никакви претходни истражувања за животот на неа. Преживеаните ќе се соочат со низа опасности што изгледа како да се појавуваат од зад секој агол. Но, нештата малку ќе се сменат откако Вил, најмладиот член на семејството Робинсон, ќе оствари чудна, но моќна врска со робот којшто се срушил на планетата во истото време како и тие. Во тој момент, приказната го забрзува своето темпо и едноставно нема да можете да престанете да ја гледате до самиот крај!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар