Филм: Слатка мала тајна (A Simple Favor)

Стефани, мајка и влогерка, се обидува да ја реши мистеријата на исчезнувањето на својата пријателка Емили

Режија: Пол Фиг

Улоги: Ана Кендрик, Блејк Лајвли, Хенри Голдинг

Времетраење: 104 минути

Премиера: 13 септември 2018

Јазик: англиски

Жанр: комедија, криминал, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (Нема гласови)

Loading...

 

Доволно е само да бидете љубители на Ана Кендрик и на Блејк Лајвли за целосно да уживате во овој филм. Тие делуваат како родени за своите улоги и го носат целиот филм на своите рамена. Не сте фанови на овие актерки? Нема проблем. Тогаш погледнете го филмот исклучиво за приказната. „A Simple Favor“ е изработен според книгата со истото име и целосно ги надминува очекувањата на сите, вклучувајќи ги и љубителите на самата книга – што ретко се случува. Па, ако сте расположени за незаборавна мистерија, ова е филмот за вас.

Приказната го следи животот на една типична американска мајка од предградие, Стефани (Ана Кендрик), којашто некако успева да најде време да ги заврши сите свои обврски, да ги подготви сите училишни проекти, како и да направи ново видео за својот влог. Но, нејзиниот живот целосно ќе се промени откако таа ќе ја запознае Емили (Блејк Лајвли), прекрасната мајка со изострен вкус за мода, згоден сопруг и навидум совршен живот. Бидејќи нивните деца ќе сакаат да се дружат, Стефани и Емили исто така ќе се зближат, збунувајќи ги сите останати мајки околу нив.

На некој начин беспрекорната Емили ја „заведува“ вдовицата Стефани со својата висока самодоверба, софистицираноста и гламурот. Набрзо, таа почнува да ја гледа својата пријателка како божица и едноставно не може да ѝ одолее. Но, нештата повторно ќе се променат откако Емили одеднаш ќе исчезне. Брзо потоа, Стефани решава да направи сè што може да ја пронајде својата пријателка и да ја разреши мистеријата на нејзиното исчезнување, но по пат ќе дознае дека всушност таа воопшто не ја познавала.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар