Допир (Touch)

Допир (Touch)

ТВ серија за неверојатната поврзаност на луѓето низ целиот свет…

допир (touch)Креатор: Тим Кринг

Главни улоги: Кифер Сатерленд, Дејвид Мазуз, Гугу Мбата-Роу и Дени Гловер

Жанр: Драма

Јазик: Англиски

Претставена на: 25 јануари 2012

Премиера: 22 март 2012

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 43 минути

Наша оценка: 10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (49 гласа, просек: 9,49 од 10)
Loading...


Што ако судбината е формула? Што ако случајноста е равенка? Што ако нашите животи се дел од шема? Секоја мисла, секое земање воздух, секое дејство е поврзано… Драма која ги поврзува науката и духовното, со цел да ги истражи скриените врски кои ги поврзуваат сите луѓе на светот.


Приказна: Уште во самиот почеток на оваа ТВ серија, главниот лик Џејк (Дејвид Мазаус) успева да допре до целата публика на многу уникатен начин, оставајќи ги сите во длабока мисла. Тој вели:

„Односот е секогаш ист – 1 на 1,618 и тој постојано се повторува. Овие шеми, математички според дизајнот, се скриени на отворено пред сите нас. Само треба да знаете каде да барате. 7.080.360.000 луѓе живеат на оваа мала планета, но само неколку можат да ги забележат сите поврзаности. Денес ќе се испратат над 300 милијарди имејлови, 19 милијарди СМС пораки, но сепак сите во еден момент ќе се почувствуваме осамено. Просечниот човек ќе каже 2.250 зборови на 7,4 различни индивидуи во текот на денот, но дали овие зборови ќе се употребат за лошо или за добро?

Постои стар Кинески мит за црвениот конец на судбината. Според овој мит Боговите врзуваат црвен конец околу глуждовите на луѓето и ги поврзуваат со сите оние на кои им е судено да се „допрат“ некогаш во животот.“

допир (touch)Џејк до сега нема кажано ниту еден збор. Тој постојано нешто пишува или црта и на прв поглед изгледа како да е фасциниран од бројки кои за нормален човек немаат никаква смисла. Мартин (Кифер Сатерленд) цел живот се обидува неуспешно да комуницира со Џејк, кој покажува малку емоции и не дозволува да биде допрен од никого. Тој често бега од училиште и секогаш му се јавуваат на Мартин од полиција да му кажат дека го пронашле неговиот син. Поради тоа го посетува Клеа Хопкинс (Гугу Мбата-Ро) која е социјален работник со цел да утврди дали Мартин е способен да го задржи својот син.допир (touch)После 11 години од својот живот, со помош на бројките, Џејк ќе успее да го натера татко му да го „слушне“. Со надеж дека конечно ќе успее да комуницира со својот син, тој се обидува да најде алтернативно објаснување за тоа што се случува. Потрагата ќе го одведе до Артур Телер (Дени Гловер), на кој воопшто нема да му звучи чудно дарбата која Џејк ја поседува. Со негова помош, Мартин ќе почне да се води според уникатната способност на својот син, според бројките кој тој ги пишува и на неверојатен начин ќе ги спојува сите оние на кои им било судено да се „допрат“. Клеа и покрај тоа што е нова во работата, тоа ќе го сфати како очаен обид од таткото да се поврзе со својот син, но многу наскоро ќе почне да забележува некои знаци кај Џејк кои ќе укажуваат на спротивното.допир (touch)Без разлика дали се работи за среќа, случајност, добар тајминг или влијание од судбината, постојат настани кои не допираат сите нас, како дел од внатрешната поврзаност на неверојатно прецизниот универзум. Џејк има способност да ги забележува овие поврзаности. Тој успева да ги гледа минатото, сегашноста и иднината на свој начин и секогаш кога ќе забележи дисбаланс на рамнотежата се обидува да ја поправи.допир (touch)допир (touch)Кога да ја гледате: Од 27 Март, секој вторник во 20:55 ќе се емитува на програмата „Fox Life“. Оваа ТВ серија бара да бидете одлично расположени и во добро друштво за да можете активно да ги следите сите настани.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Waldorf Reply

    Фасцинирана сум од серијава.

  2. Име Reply

    super serija

  3. павел Reply

    добра серија,нешто различно.

Напиши одговор на павел Откажи одговор