Нема случајност во животот – за сè што се случува постои причина и сè е поврзано!

Нема случајност во животот – за сè што се случува постои причина и сè е поврзано!

Сигурно ви се случило да налетате на стар пријател кого не сте очекувале да го сретнете во дадена ситуација или истовремено да направите исто движење/да ги изговорите истите зборови заедно со друга личност. Дали тогаш помисливте: „О, каква случајност!“? Всушност секоја случајност носи конкретна порака.

Нема случајност во животот - за сè што се случува постои причина и сè е поврзано!

Откривање на синхроничноста – науката за случајноста

Вистината е дека сè е поврзано. Од минатото, преку сегашноста до иднината – секоја ситуација со која се среќаваме е поврзана. Без разлика колку нештото е мало или големо, сè е поврзано во синхроничност.
Секоја акција што ја преземате создава бранови во вселената. Несвесно ги пренесувате своите мисли на другите луѓе. Тоа е законот на единството. Сите сме поврзани.

Нема случајности. Секој настан носи порака. Без разлика дали тоа е совршен ден во кој сè тече без проблеми или лош период кога се случуваат лоши работи, универзумот ви испраќа порака.

Синхроничноста може да се објасни со изреката: Кога ученикот е подготвен, се појавува наставникот. Секогаш кога сте во синхроничност со нешто што навистина го сакате, постојат големи шанси да се поврзете со него. Ова е причината поради која сличните луѓе по карактер „случајно“ се среќаваат.

Зошто да верувате во синхроничност?

Синхроничност најдобро функционира за луѓе кои веруваат во неа. За почеток, треба да верувате дека случајности не постојат. Ако си кажете дека сè е случајно, вие испраќате слаби духовни сигнали до универзумот кои се контрадикторни со силните сигнали што ви ги испраќа универзумот кога ве става во синхроничност со сè.

Синхроничноста е како огледало што го одразува сето она на кое обраќате внимание и сè во што верувате. Ако се согласувате дека постои законот за синхроничност, ќе можете да се поврзете подлабоко и да испраќате посилни пораки на духовно ниво.

Покрај тоа, ќе станете подобра, посамоуверена личност и полесно ќе воспоставите хармонија во сето она што се случува околу вас.

Дозволете можностите да се случат за вас, а не против вас

Ако некогаш сте слушнале за Марфиевиот закон, тогаш веројатно можете да ја разберете и синхроничноста. Ако една работа тргне наопаку, има добри шанси и други работи да тргнат наопаку и погрешно. Синхроничноста може да работи и против вас. Но, ако очекувате да се случат лоши работи и верувате во Марфиевиот закон, тогаш сте во синхроничност со вашата внатрешна негативност.

Науката зад „случајната“ средба

Денес сретнавте стар познајник? Дали мислите дека тоа е случајност, среќа или веројатност? Вистинскиот одговор на таа „случајност“ го има науката за случајните средби според која тоа не е случајно и постои причина зошто се случило. Секогаш постои причина кога запознавате некого и искусувате нови работи. Случајноста, од друга страна, е илузија. Нашето минато, сегашност и иднина се целосно поврзани. Иако не секогаш разбираме зошто нешто се случува, секогаш постои причина што станува очигледна по некое време.

Затоа, прифатете ја синхроничноста онаква каква што е, како дел од духовната и универзалната интелигенција која постојано се обидува да нè научи на нешто, да допре до нас и да ни пружи љубов, поддршка и водство.

Откако прочитавте за случајноста и синхроничноста, можеби ќе сакате да прочитате и зошто во животот ниту една средба не е случајна.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар