Инспиративни цитати на Новак Ѓоковиќ за успехот и среќата!

Инспиративни цитати на Новак Ѓоковиќ за успехот и среќата!

Денес ви споделуваме дел од цитатите на еден од најуспешните тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ!

Инспиративни цитати на Новак Ѓоковиќ за успехот и среќата!

„Победник е оној кој повеќе верува во победата.“

„Во мојот случај, можам искрено да кажам дека ништо не е невозможно. Кога велев дека сакам да бидам број 1 на светот, а имав седум или осум години, повеќето луѓе ми се смееја затоа што се чинеше дека имам само еден процент шанса да го направам тоа и на крајот успеав.”

„Градењето цврста основа во раните години од животот на детето не само што ќе му помогне на детето да го достигне својот целосен потенцијал, туку ќе резултира и во подобри општества во целина.“

„Не сакам да споредувам години, искрено. Мислам дека секоја година е различно искуство, различен предизвик. Вие растете. Се разививате како личност и како играч.“

„Знам дека успехот не доаѓа одеднаш, тоа не е работа која се постигнува преку ноќ. Тоа е резултат на многу, многу, многу години работа и многу обиди.“

„Јас сум среќен човек затоа што сум успешен во она што го работам, но она што ме прави најмногу среќен е што имам луѓе околу мене кои ги сакам и кои ме сакаат. Ова за мене е најважно. Никој не сака да биде сам.“

„Притисокот е дел од она што го правиме. Секогаш е присутен.“

„Секоја година носи нови предизвици и пречки. Мора да се прилагодите.“

„Мислам дека среќата не ги следи само храбрите туку и оние кои веруваат дека ја заслужуваат.“

„За да останам таму каде што сум, морам да останам посветен исто како што бев пред да станам број 1.“

„Најмногу од сè, треба да веруваме во себе.“

„Луѓето гледаат на мене како на некој кој може да ја смени сликата за нашата земја од негативна во позитивна.“

„Сè во животот е лекција.“

Откако ги прочитавте цитатите на Новак Ѓоковиќ, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот.

Извор: awakenthegreatnesswithin.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар