17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година - Part 2

17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година

6. Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast) – 17 март

Кампањата на Дизни да го претвори секој свој анимиран класик во филм продолжува со убавицата и ѕверот, што ни дава нова перспектива на хитот од 1991 година.

7. Моќните ренџери (Power Rangers) – 24 март

Напред моќни ренџери! Без разлика дали го префериравте црвениот, жолтиот, розовиот, синиот, црниот или одвреме-навреме зелениот или белиот ренџер, овие железни нинџи тинејџери добиваат сосема нов тек на нивната приказна.

8. Дух во школка (Ghost in the Shell) – 31 март

Иако филмската адаптација на сериите манга со истото име доби остри критики поради најмувањето на Скарлет Јохансон како главната хероина, сепак таа доби позитивни оценки од креаторите на оригиналната анимирана верзија на приказната.

9. Судбината на бесните (The Fate of the Furious) – 14 април

Ова продолжение изгледа малку необично по смртта на Пол Вокер во 2013 година, но сепак тимот продолжува со нова трилогија.

10. Чувари на галаксијата 2 (Guardians of the Galaxy Vol. 2) – 5 мај

И покрај тоа што сите веруваа дека е глупава идеја да се претвори овој на прв поглед неважен стрип во филм, сепак финалните резултати ги воодушевија сите. Денес не постои личност што не сака да го види бебето Грут во новото продолжение!

11. Пирати од Карибите: Мртвите луѓе не раскажуваат приказни (Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales) – 26 мај

Зарем постои човек што не би сакал да ја гледа следната авантура на Џек Спероу? За разлика од претходниот дел, овој пат ќе имаме можност да видиме повеќе познати лица, како Орландо Блум.

Продолжете на последната страница за преостанатите 6 филма…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Hristijan Reply

    А каде е тука “ПИЛА”?! ,единствена легија која го промени светот.

    • Моника Трајковска Reply

      Интересно е колку големи филмови нè очекуваат годинава, едноставно невозможно беше да се соберат сите во една листа од 17 наслови… 🙂

Остави коментар