17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година - Part 3

17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година

12. Чудесна жена (Wonder Woman) – 2 јуни

Откако таа беше претставена во филмот „Бетмен наспроти Супермен: Зора на правдата“, ликот на Гал Гадот добива своја сопствена приказна што ќе нè запознае подобро со хероината.

13. Подлиот јас 3 (Despicable Me 3) – 30 јуни

Иако започна скромно, супернегативецот со смешен изглед и злобен план за крадење на месечината се претвори во еден од најсаканите анимирани ликови.

14. Спајдермен: Враќање дома (Spider-Man: Homecoming) – 7 јули

Ендру Гарфилд добива тешка задача да ни го пренесе човекот-пајак во сосема ново светло и да ги надмине добро познатите колеги, овој пат како дел од Одмаздниците.

15. Тор: Рагнарок (Thor: Ragnarok) – 3 ноември

Во нордиската митологија, Рагнарок е апокалиптична серија настани што резултираат со потопување на светот и смрт на многу богови, меѓи кои и Один, Тор и Локи – а потоа кулминирајќи во планетарно раѓање одново. Не мора ни да спомнеме дека овој филм ќе ги исполни сите очекувања!

(2) 17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година

16. Лига за правда (Justice League) – 17 ноември

Не постои филм од Марвел што поминал лошо, па следејќи ги чекорите на своите ривали, Диси Комикс го претставуваат својот прв филм со тим од суперхерои што ја чинат лигата за правда!

17. Војна на ѕвездите: Епизода VIII (Star Wars: Episode VIII) – 15 декември

Тоа што во моментов се знае за ова продолжение на „Војна на ѕвездите“ е многу малку, но со оглед на претходните два филма што искочија, сите имаме високи очекувања!

(3) 17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Hristijan Reply

    А каде е тука “ПИЛА”?! ,единствена легија која го промени светот.

    • Моника Трајковска Reply

      Интересно е колку големи филмови нè очекуваат годинава, едноставно невозможно беше да се соберат сите во една листа од 17 наслови… 🙂

Остави коментар