Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи - Part 4

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

SAC (11.02– 02.03)

Симбол: бела бура, жаба, север

Изворен превод: Облаци и сомнеж ги растеруваат соништата

Опис: Лицата родени во овој знак се прилагодливи, сакаат промени и патувања. Одлучни се и секогаш подготвени да преземат одговорност и да ги доведат работите во ред.

Тие се луѓе кои имаат способност да извлечат најмногу од раното утро. Тоа за нив е моќен период, па доколку се отворат себеси и тогаш најдат време за размислување, може да дојдат до голема мудрост.

Жабата е животно кое симболично ги претставува луѓето родени во овој знак – таа може лесно и брзо да се приспособи на промените и без многу напор да скокне. Па така и овие луѓе можат лесно да скокнат од едно ниво на свесност на друго и немаат проблеми да се прилагодат на промените. Нивната моќ лежи токму во промените, па секоја промена треба да ја пречекаат со раширени раце.

Главен правец на овие лица е север.

SAC-луѓето се лица со шарм. Конзервативни се, ги ценат проверените вредности. Солидарни се и искрени. Обично избегнуваат конфликтни ситуации, а зрачат со топлина, хармонија и доверба. Во зрели години стануваат афирмирани личности, неретко на функција на државни службеници.

Ако имаат разбирање во бракот, нивната професионална кариера ќе биде одлична. Тие имаат енергија и речиси никогаш не се жалат на здравјето. За кратко време можат да стекнат углед и да постигнат успех, но имаат многу непријатели. Не трошат време на расправии, имаат мирна удобна старост.

Совет: Треба да се чувате од луѓе кои премногу ви ласкаат.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова

Остави коментар