Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи - Part 10

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

K’AYAB (11.06 – 03.07)

Симбол: Месечева божица, желка, ритам

Изворен превод: Со песна и ритам

Опис: Луѓето во овој знак се воглавно добри глумци, пејачи и воопшто забавувачи. Тежнеат кон хармонија во сите нејзини облици. Тие се силно поврзани со Месечината и духовните вредности. Честопати трагаат по длабокото значење на нештата кои ги опкружуваат. Желката е нивното заштитно животно која ги претставува нивните најдобри особини – таа има длабоко значење како носител на древните мудрости и носител на Земјата.

Среќата ја носат во себе. Дискретни се, искрени, но и љубоморни. За оние кои им се пријатели подготвени се да се жртвуваат, а непријателите знаат да ги прогонуваат цел живот.

Креативни се, отворени и праведни. Копнеат за долга и искрена љубов. Склони се на експлозивни реакции и тогаш е подобро да не им е човек во близина.

Тие исто така се и добри организатори, верни и пожртвувани личности. Животот не им е секогаш наклонет, но упорни се, ги совладуваат сите препреки и стигнуваат до целта.

Добро е да ги избегнуваат непознатите средини.

Совет: Пријатели стекнувате со леснотија, но никогаш не се заљубувајте во личности кои не се подготвени да ве сакаат до крајот на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова

Остави коментар