3-те хороскопски знаци што ќе почувствуваат потешкотии во сезоната на Бикот

Некои лесно ќе се вознемируваат, некои ќе минуваат низ промени, а други пак ќе се чувствуваат многу несигурно во својот живот. Погледнете ги 3-те хороскопски знаци што ќе доживеат потешкотии во сезоната на Бикот и ако се пронајдете на листата, не грижете се, потребно е само да го издржите овој месец и потоа сè ќе се врати во нормала!

1. Близнаци: Многу сте раздразливи

Земете воздух, Близнаци! Сонцето ја активира вашата таинствена 12-та куќа на соништата, завршетоците и работата зад сцената, па вие се чувствувате многу поинтроспективно од вообичаено. На пример, можеби ќе почувствувате потреба да се изолирате себеси или да направите чекор наназад, и тоа е сосема во ред. Но, бидејќи и електричниот Уран е во игра, вие исто така може да очекувате и спиритуална револуција.

2. Вага: Минувате низ долго очекувана трансформација

Ох, Ваги. Вие имате толку многу таленти и способности што можете да ги поделите со светот, но пред да го направите тоа, универзумот бара од вас да се ослободите од неколку работи. Сонцето е во вашата осма куќа на сексот, трансформацијата и заедничките ресурси, па вие може да се чувствувате малку ранливо овој период.

3. Водолија: Вашата основа делува нестабилно

Што ви вели интуицијата, Водолии? Со сонцето над вашата четврта куќа на домот, фамилијата и душата, вие се чувствувате многу поинтровертно од вообичаено, а можеби дури и го минувате целиот ден дома. Тоа не е лошо. Баш напротив, треба да го правите токму тоа што ви е потребно во овој период. Имајте на ум и дека електричниот Уран ќе се активира во оваа област, па затоа и ќе се чувствувате како да немате доволно стабилност во вашиот живот. Едноставно опуштете се и периодот на Бикот брзо ќе помине.

Прочитајте и кои се 3-те хороскопски знаци кои најмногу ќе уживаат во сезоната на Бикот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар