Како хороскопските знаци кажуваат „те сакам“?

Секој хороскопски знак има свој начин на кој изјавува љубов, па не е лошо да знаете што можете да очекувате од секој од нив.

1-kako-horoskopskite-znaci-kazhuvaat-te-sakam-kafepauza.mk

Овенот ќе каже сенешто во моменти на занес, така што не можете да бидете целосно сигурни дали тоа го мисли или не. Неретко забораваат дека на некого му изјавиле љубов, затоа немојте премногу да обрнувате внимание на нивните љубовни изјави.

Бикот ќе ги изговори овие два магични збора во момент за кој ќе смета дека е вистинскиот, така што може и многу да си почекате додека ги чуете. Сепак, тоа за Бикот е важна изјава и никогаш нема да ја повлече назад, па од тој аспект, чекањето ќе ви се исплати.

Близнаците никогаш не се досадни, што не е секогаш позитивно. И кај нив многу вреди изјавата дека ве сакаат, па после неколку дена може да негираат дека ги изустиле овие два збора, а најмалку дека ви ги кажале вам.

Ракот ќе изјави љубов единствено тогаш кога тоа навистина ќе го почувствува и мисли, но постои можност и тоа да го каже малку порано. Сепак, бидејќи тешко се откажува од врските, нема страв од избрзување.

Лавот својата изјава на љубов ја сфаќа многу сериозно и совесно, па тоа ќе го направи прилично официјално. Не сака да троши залудно време ни на зборови, па штом еднаш ќе го каже тоа, смета дека е доволно за долго, долго време.

Девицата не размислува за начинот на кој некому треба да му изјави љубов, па тоа ќе го каже прилично збунето и по малку смотано, но на крајот ќе излезе симпатично. Никогаш не ги повлекува своите зборови, така што можете да бидете спокојни откако еднаш ќе ги слушнете.

Вагата обожава да кажува големи зборови во врска со своите чувства, па кога ќе почувствува дека е во врска која има надеж, ќе му каже на целиот свет дека го сака својот партнер. Кај нив е убаво тоа што не се заљубуваат само во луѓе, туку и во самата љубов, поради што кога се заљубени тие се на седмо небо.

Скорпијата ги крие своите чувства сѐ додека не биде потполно сигурна во нив, така што нема шанси непромислено и ненадејно да изјави љубов. Затоа, бидете спокојни, бидејќи кога ќе рече Скорпијата „те сакам“, значи дека навистина е така.

Стрелецот многу ретко изјавува љубов, бидејќи тоа на некој начин го ограничува, па од такви изливи на чувства бега како ѓавол од темјан.

Јарецот покажува, зборовите не го интересираат, па можете да му кажете сто пати дека го сакате, ако тоа не му го покажете на дело, тоа нему ништо нема да му значи. Па затоа не е чудно истото да го очекувате од него кога станува збор за по(кажување) на неговите чувства – попрво ќе остави да зборуваат делата, одошто зборовите.

Водолијата ќе направи сѐ само да не мора јавно да признае дека ве сака. Tаквите зборови за неа се како болно откинување на парче од нејзината утроба. Дури и на директното прашање „дали ме сакаш?“ ќе го добиете најдипломатскиот одговор кој некогаш сте го слушнале.

Рибите ќе ви признаат дека ве сакаат кога ќе биде погодна ситуацијата, а после тоа нема никогаш да им здодее одново да ви кажуваат. Но, од вас го очекуваат истото, така што мора да им возвратите во иста мера. Незгодно е што едно утро може да се разбудат од спиење и да ви кажат дека само што се одљубиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Darko Reply

    Ne e tocno to deka skorpijata iskreno veli te sakam

Остави коментар