Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи - Part 13

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

POP (26.07 – 14.08)

Симбол: јагуар, лидер, поглаватар

Изворен превод: Учител

Опис: Родените во овој знак имаат талент да го пренесуваат своето знаење на други и имаат големи аналитички способности.

Јагуарот и поглаватарот имаат многу значајно место во културата на Маите – тие претставуваат голема моќ. Лицата родени во овој знак имаат способност да ги насочат другите, да им дадат правец и визија, а притоа да не ги занемарат нивните потреби и да не ги повредат на ниеден начин. Најголемата дарба на овие лица е во способноста да ги водат другите.

POP-луѓето ги исполнува тивка сила, упорност и издржливост. Во животот обично добиваат сѐ што ќе посакаат, а нивната упорност, вредност и трпение им овозможува сигурен успех. Младоста ќе им помине во остварување на плановите, па затоа најуспешни се во средни години, а староста ја минуваат во задоволство.

Моќ, богатство и сексуалност се трите аспекти кои го отсликуваат овој знак. Обично се женат или мажат од љубов, но најчесто поради имотност или личен престиж. Од партнерот бараат љубов и почитување.

Во периодот 30–40 година се успешни и ценети, и баш во тие години стекнуваат богатство.

Совет: Избегнувањето на луѓето не е доблест. Затоа во свое друштво прифатете ги и оние од кои немате корист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова

Остави коментар