Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи - Part 15

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

SIP (04.09 – 23.09)

Симбол: планина, вселена, црвено небо, елен, црвена бура

Изворен превод: Сила која го придвижува светот

Опис: Овие луѓе имаат богат социјален живот. Пожртвувани се и добри пријатели. Поврзани се со воздухот и огнот. Нивното животно е еленот, симбол на грациозноста и поврзаноста со шумите и природата, како и на благородноста. Црвената е моќна боја за овие лица.

Тие се тивки личности. Нивната солидарност и подготвеност да помогнат ги воодушеват нивните роднини и пријатели. Недоволно се хранат.

Ако наидат на личност која ги разбира, ќе бидат верни и искрени сопружници.

Во текот на младоста и средните години ќе бидат потиштени и песимистични, а во староста и себични.

Од 28 до 35 години ги очекуваат големи успеси во работата. Во душа се скромни и праведни.

Совет: Бидејќи сте отворени за нови познанства, треба да бидете внимателни кога се во прашање непознати личности, затоа што некои од нив можат да ве направат несреќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова

Остави коментар