Видео прошетка и будење на сетилата со фасцинантните пејзажи на Северна Норвешка

Професионалниот фотограф и авантурист Сергеј Луканкин, неодамна патувал во Северна Норвешка, за да ги овековечи спектакуларните пејзажи на островите Лофотен и Сења. Користејќи камера на дрон, Луканкин креирал спектакуларно 4К видео коешто одозгора ги прикажува неверојатните убавини на овие острови и овозможува ретко видена глетка кон ледената земја на чудата.

Видео прошетка и будење на сетилата со фасцинантните пејзажи на Северна Норвешка

Камерата се издига и протега над легендарните убавини на Арктикот и ги опфаќа бескрајните снежни планински врвови, гигантските фјордови и ледените океански крајбрежја. Долгите, кривулести мостови од своја страна, овозможуваат витална конекција помеѓу ретко населените градови, од каде што наѕираат разнобојните дрвени куќи распослани по островите.

Видео прошетка и будење на сетилата со фасцинантните пејзажи на Северна Норвешка Видео прошетка и будење на сетилата со фасцинантните пејзажи на Северна Норвешка Видео прошетка и будење на сетилата со фасцинантните пејзажи на Северна Норвешка

Честопати е опишувана како „Земјата на полноќното сонце“, а луѓето коишто живеат во Северна Норвешка, искусуваат 24-часовна дневна светлина во дел од летниот период и 24-часовна темнина кон средина на зимата. Исто така, ова е едно од најдобрите места во светот за да ги погледнете неверојатните сини и зелени спирали на небото создадени од поларната светлина Аурора Бореалис, поради минималното светлосно загадување коешто го има тука.

Видео прошетка и будење на сетилата со фасцинантните пејзажи на Северна Норвешка

Видеото од Северна Норвешка ја доловува магијата на овој бескраен пејзаж, па може дури и да ве мотивира да ја посетите.

Може да ве интересира и оваа фото-прошетка низ убавините на Норвешка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар