22 факти за пивото кои не ги знаевте

22 факти за пивото кои не ги знаевте

Ако сметавте дека знаете многу за вашата омилена пијачка, овие податоци можат да ве премислат.

22 факти за пивото кои не ги знаевте

1. Бенџамин Френклин сметал дека пивото е доказ дека Бог нè сака.

2. Зитологија е науката која се занимава со проучување на пивото, процесот на неговото производство и улогата на состојките кои влијаат на неговиот вкус.

3. Најстарите рецепти кои се најдени досега се однесуваат токму на пивото. Датираат од пред 5000 години и се запишани во форма на песни.

4. Жените први почнале да прават пиво.

5. Во античкиот период во Перу производството на пиво се сметало за исклучително благородничко занимање. Ретката можност да се занимаваат со тоа ја имале само жените со благородничко потекло или оние кои биле многу убави.

6. Во стариот Египет постоел закон кој им забранувал на мажите да прават или да продаваат пиво.

7. Хмељот, растение кое се користи при производството на пиво, припаѓа на истата група растенија како и марихуаната.

22 факти за пивото кои не ги знаевте

8. Првиот прекршок предизвикан поради консумирање пиво е регистриран во Египет околу 2000 години п.н.е. Пијан возач на кочија прегазил свештеница, по што бил обесен на прагот на локалот кој го послужил со пиво, а телото му висело таму сè додека не го изеле мршојадците.

9. Првите пива кои Англичаните ги праќале во Индија брзо се расипувале. Затоа почнале во процесот на производство да додаваат повеќе хмељ и алкохол, со што добиле нов вид кој го нарекле Индиско светло пиво.

10. Во светот постојат повеќе од 400 видови пиво. Најмногу брендови има Белгија.

11. Сеносиликафобија е страв од празна чаша за пиво.

12. Вјел бон секур (Vielle Bon Secours) е најскапото пиво на светот. Едно шише се продава за 700 фунти, единствено во лондонскиот бар Бирдром.

13. Инките пивото го правеле со плунка. На девојчињата на возраст од околу 10 години им давале да џвакаат пченка сосе лушпа, а тоа потоа го плукале во голем казан со врела вода. Така отстојувало 4-6 недели, пред да се стврдне и да се употреби за правење пиво.

14. Од сите пиварници кои денес функционираат на овој свет, најстара е Bayerische Staatsbrauerie Weihenstephan во близина на Минхен. Наводно започнала со работа во 1040 година.

22 факти за пивото кои не ги знаевте

15. Пивото содржи голем дел од минералите кои се потребни за преживување. Во средниот век, кога здравата исхрана била реткост, пивото се користело како дел од диетите. Дури и децата го консумирале за да бидат здрави.

16. Пивото ве прави попаметни. Една студија докажала дека жените кои умерено пијат имаат подобри когнитивни способности од оние кои воопшто не пијат. Тоа го покачувало добриот холестерол, што исто така водело и до помал ризик од срцеви заболувања.

17. Оние кои пијат пиво имаат помали проблеми со каменчиња во бубрезите. Не затоа што полесно ги исфрлаат ако се појават, туку и поради тоа што со негова помош ризикот за нивна појава се намалува за околу 40%.

18. Пивото е здраво и за коските. Количеството на силициум кое го содржи ги штити и овозможува калциумот да остане за коскената срж.

19. Во XIX век младите мајки во Минхен верувале дека треба да пијат пиво за да можат добро да ги надојат своите деца. Пиеле и по повеќе од 3 литри на ден.

20. Кралот Хамураби од Меспотамија, меѓу другото познат по неверојатно строгите казни за прекршување на законите, пропишал обврска за секој да си ја испие дневната доза пиво која му следувала според општествениот статус. Според истиот закон, на жените кои служеле неквалитетно пиво им следувало давење.

21. Чесите пијат најмногу пиво по глава на жител, но Кина е најбрзорастечкиот пазар на пиво во светот.

22. Првите лименки за пиво се произведени во 1935 година поради потребата од практично пакување кое може да се однесе дома и да се консумира на мира.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар