Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера

Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера

Автор: Сања Петровска

Имагинацијата и креативноста кај некои луѓе едноставно немаат граници. Понесени од многуте идеи кои им се вртат низ глава, уметниците успеваат да создадат неверојатни работи кои постојано нѐ изненадуваат и воодушевуваат.

1-prekrasni-unikatni-masi-niz-koi-techat-reki-i-ezera-kafepauza.mk

Грег Класен се занимава со изработка на единствени парчиња мебел познати под името „Речна колекција“. Неговите изработки претставуваат уникатни дрвени маси низ кои поминува рачно исечено парче стакло кое создава речен или езерски ефект. Парчето стакло милиметарски точно се поклопува со дрвената конструкција, а за целата изработка од почеток до крај е задолжен самиот тој. Посебно значење во неговата работа има соработката со локалната пилана од каде го добива дрвото во сурова форма, така добивајќи можност да ги искористи неговите природни шари и облици. Работата на Класен всушност е резултат на спојот од дизајнирање на мебел и уметност.

2-prekrasni-unikatni-masi-niz-koi-techat-reki-i-ezera-kafepauza.mk

Секој кој сака да поседува една од овие единствени маси, тие може да се нарачаат директно од неговиот веб-сајт. Достапни се во сите големини и облици така што би можеле совршено да ги вклопите во вашиот ентериер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар