Ова не е фотографија од Морган Фримен

Ова не е фотографија од Морган Фримен

Оваа реалистична слика со портретот на Морган Фримен е креирана со само еден прст на iPadAir. Артистот Кајл Ламберт е сликар кој користи маслена техника и илустратор од Велика Британија кој на својот Јутјуб канал објавува тајмлапс видеа од неговите импресивни сликарски проекти, а притоа често избира да ги портретира славните личности.

Ова не е фотографија од Морган Фримен

За оваа слика на Ламберт му бил потребен еден месец, а изработена е со помош на апликацијата Procreate.

„Апликацијата го фаќа секое замавнување со четката автоматски, па можеш да ги зачуваш како слики. Има најдобра големина на површината за цртање и опција за видео експортирање. Таа најмногу наликува на Фотошоп.“




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар