Автентични портрети на познатите нацртани на Ајпед

Се чинат далечни времињата кога сликањето се вршеше стриктно со алатки како четка и платно. Во денешно време, идеите и алатките за работа на артистите ги има во неограничени количини, а се цени уникатноста на техниката, како и добиениот резултат. На уметникот Кајл Ламберт му е потребен само еден прст и Ајпед, за да ги нацрта овие автентични портрети на светските ѕвезди.

Автентични портрети на познатите нацртани на Ајпед

Кајл е млад англиски артист кој ја усовршува техниката на цртање портрети на Ајпед, користејќи ја апликацијата „Brushes“ која чини 8 долари. Тој употребува само еден прст, кој му служи како четка, но ако судите според добиениот резултат, ќе помислите дека користи цел сет професионални алатки и бои.

Автентични портрети на познатите нацртани на АјпедАвтентични портрети на познатите нацртани на Ајпед

Ламберт ги започнува неговите уметнички дела, скицирајќи ги основните црти на лицето, односно ги позиционира очите, носот, устата на вистинското место, осигурувајќи се лицето во основа, да личи на соодветната ѕвезда. Тој вели дека цртањето на основата е најважниот дел во правењето портрет на Ајпед, бидејќи му служи како рамка за креирањето на целокупното уметничко дело.

Автентични портрети на познатите нацртани на АјпедАвтентични портрети на познатите нацртани на Ајпед

Погледнете како изгледа неговото портретирање на Бијонсе, а потоа и на Џад Ло.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар