Неверојатни мистерии за најпознатите статуи ширум светот

Неверојатни мистерии за најпознатите статуи ширум светот

Се вели дека кога го прашале Огист Роден како ги правел своите статуи, тој го цитирал славниот Микеланџело: „Да се направи скулптура е лесно – кога ќе стигнете до кожата застанувате.“ Токму затоа вистинските ремек-дела изгледаат божествено. Гледате во нив и размислувате дека само вистинските гении можат да видат таква убавина во едноставно парче камен. Но, секое значајно парче уметност има мистерија зад себе, а во продолжение откријте дел од нив…

1. Мојсеј со рогови

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Микеланџело изработил скулптура од Мојсеј со чудни додатоци – пар рогови. Многу историчари на уметноста го објаснуваат ова со неговото лошо интерпретирање на Библијата. Имено во Книгата на егзодусот се вели дека на Евреите им било тешко да го видат лицето на Мојсеј кога слегувал од планината Синај со плочата на која биле запишани десетте божји заповеди. Хебрејскиот збор искористен во библијата може да се преведе и како „блесок“, но и како „рогови“, иако од контекстот е прилично јасно дека лицето на Мојсеј зрачело сончеви зраци, а не дека имало рогови.

2. Шарени антички статуи

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Долго време се мислело дека античките римски и грчки бели мермерни статуи отсекогаш биле бели. Но според последните истражувања, тие најпрво биле обоени во многу различни бои кои избелеле со текот на времето, пред конечно да исчезнат поради изложеноста на светлина и ветер.

3. Страдањата на Малата сирена

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Статуата на сирената во Копенхаген е една од најнесреќните статуи во светот и секогаш е мета на вандали. Нејзината историја има многу пресврти и промени. Била скршена на многу парчиња, повеќе од еднаш, а дури и денес можат да се најдат „лузни“ на нејзиниот врат кои се појавиле кога морало да ѝ биде променета главата. Скулптурата била обезглавена два пати, еднаш во 1964, а вториот пат во 1998. Во 1984 година вандали ѝ ја пресекле едната рака. Конечно во 2007 градските власти решиле Малата сирена да биде преместена подлабоко во пристаништето за да се спречи вандализмот и обидите на туристите да се искачат на неа.

4. Бакнежот без бакнеж

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

„Бакнежот“, познатото ремек-дело на Огист Роден, оригинално бил наречен „Франческа да Римини“ според италијанската благородничка од 13-от век чие име било овековечено во „Пеколот“ од Данте Алигиери. Жената се вљубила во помладиот брат на нејзиниот сопруг Џовани Малатеста, Паоло, и тие ја читале приказната за Ланселот и Гвиневра, кога Џовани ги нашол и ги убил. Скулптурата покажува дека Паоло во раката држи книга. Како и да е, љубовниците не ги допираат усните, што ни дава до знаење дека тие биле убиени без да направат грев.

5. Тајните на мермерниот превез

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Еден поглед врз овие статуи чии лица се прекриени со полупроѕирен превез, ве тера да се запрашате како е ова направено со обичен камен. Тајната е дека мермерот искористен за оваа работа, всушност е структура. Блокот кој евентуално станал скулптура мора да има два слоја, еден од нив потранспарентен, а еден подебел од другиот. Тешко е да се најдат такви камења, но тие навистина постојат. Уметникот ја имал оваа идеја на ум и знаел што бара. Монти го работел мермерот, задржувајќи ја нормалната текстура на површината, додека на рабовите одземал од мермерот, одделувајќи го полниот дел од транспарентниот. Како резултат на тоа, транспарентниот дел изгледа навистина проѕирен и така се креира ефектот на превез.

6. Совршениот Давид направен од фрлено парче мермер

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Славната статуа на Давид, дело на Микеланџело е изработена од парче бел мермер, останато од друг скулптор, Агустино ди Дучио, кој се обидел да работи со ова парче мермер, но се откажал после неколку неуспешни обиди. Иако Давид се смета за идеал за машката убавина, всушност и не е така совршен. Тој има криви очи. Ова било откриено од Марк Левој, професор на Стенфорд, кој ја проучувал статуата со ласерска компјутерска технологија. Дефектот на очите на оваа 5-метарска скулптура е скоро незабележлив, бидејќи дополнително стои на висок пиедестал. Специјалистите велат дека Микеланџело ја направил оваа несовршеност намерно, за Давид да изгледа беспрекорно од двете страни.

7. Смрт до уметност, уметност до смрт

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Најмистериозната скулптура на гробиштата во Барселона носи име „Бакнежот на смртта“. Нејзиниот автор е сѐ уште непознат. Се мисли дека статуата е изработена од Џом Барба, но има и алтернативна верзија на приказната која вели дека автор на ова дело е Хоан Гонбернат. Статуата е поставена во еден од најоддалечените краеви од гробиштата и била инспирација за Ингмар Бергман кога го снимал филмот „Седмиот печат“, приказна за паднатиот витез и смртта.

8. Рацете на Венера од Милос

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Статуата на Венера е една од најпознатите скулптури која се наоѓа во музејот Лувр, во Париз. Се вели дека ја открил грчки селанец во 1820 година, на островот Милос. Кога била откриена, статуата била скршена на два дела. Во нејзината лева рака божицата имала јаболко, а со десната го држела фустанот. Кога ја виделе некои француски морнари, тие ја препознале историската вредност, побарале статуата да биде одведена од островот, но луѓето кои ја носеле и требало да ја натоварат на бродот влегле во караница и статуата паднала на карпите, при што ѝ се скршиле двете раце. Изморени од носењето, морнарите одбиле да се вратат назад и да ги побараат нејзините екстремитети.

9. Прекрасната несовршеност на „Ника од Самотраки“

9 неверојатни мистерии за познатите статуи

Оваа величествена статуа на Ника била откриена во 1863 година на островот Самотраки од француски конзул и археолог аматер. Оваа скулптура е изработена од златен мермер. Научниците велат дека Ника била направена во 2-от век пред новата ера, да ги одбележи поморските победи на грчката флота. Главата и рацете на статуата се изгубени, иако имало многубројни обиди за реставрирање на оригиналната позиција на екстремитетите. Се претпоставува дека десната рака на божицата била крената во воздух, држејќи пехар, венец или рог. Но, интересно е дека сите обиди да се вратат рацете на Ника завршиле неуспешно, бидејќи тие само го уништувале ремек-делото. И овие неуспеси нè водат до едноставната вистина: Ника е убава, а нејзината несовршеност ја прави величествена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар