Мост на иднината

Мост на иднината

Многу препознатливи мостови се изградени во изминатиов век – мостот Бруклин, мостот Голден Гејт, мостот Сиднеј Харбор се само дел од нив. Но, како ќе изгледаат мостовите во иднината? Одговорот ни го дава архитектонското студио со седиште во Сеул, Planning Korea.(2) Мост на иднинатаОсвен тоа што ќе ја има добро познатата намена (да ги поврзува двата брега), мостот Paik Nam June Media во Сеул, Јужна Кореа, ќе служи и како парк, место за состаноци, трговски центар, музеј и многу повеќе од тоа. Оваа мега градба има должина од 1.080 метри. Воедно, а и многу битно за зачувување на природата, целиот мост ќе биде покриен со соларни панели за производство на сопствена енергија.(3) Мост на иднинатаОбликот на мостот е природен, флуиден и аеродинамичен. Овој мост, со сето она што го нуди, ги тера луѓето да ги остават своите автомобили и пешки или со велосипед да поминат преку него. На секој спрат ќе има хоризонтални и вертикални градини коишто ќе бидат наводнувани од реката и сезонските дождови. Исто така, конструкцијата на мостот може да се искористи како „платно” за разноразни видео проекции и секаков друг вид медија.(4) Мост на иднината(5) Мост на иднината(6) Мост на иднината(7) Мост на иднината(8) Мост на иднината(9) Мост на иднината(10) Мост на иднината(11) Мост на иднината(12) Мост на иднината


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. elena prodanova Reply

    ni treba eden vakov vo pogolemite gradovi vo makedonija

  2. bibi Reply

    isto ko mostot “oko” :))) hehehehehe :)))

Напиши одговор на elena prodanova Откажи одговор