Летни инспирации за декорирање на спалната соба

Подгответе ја вашата спална соба за летото со помош на овие едноставни идеи. Освежете го просторот со бои и оладете го без да користите клима уред.

1. Дозволете му на светлото да влезе

Воопшто не е интересно да се обидувате да заспиете во топла и загушлива спална, па ослободете се од темните и тешки зимски завеси и ставете нешто посветло и полесно. Едноставните модели со природни материјали се одличен начин да внесете повеќе светлина во собата и да му дозволите на воздухот подобро да циркулира.

2. Заборавете на зимските материјали

Топлото време значи и дека ќе ги спакувате тешките зимски ќебиња и дека ќе ги замените со лесни, памучни чаршафи што ќе ве држат свежи навечер. Но, оставете неколку полесни, меки ќебенца за оние посвежите летни вечери.

3. Освежете ја собата

Ништо не асоцира повеќе на лето од морските мотиви. Додајте светло бели и морско сини бои за да го добиете овој изглед. Тоа можете да го сторите преку чаршафите, перниците, завесите или неколку уметнички дела што ќе ги закачите на ѕидот.

4. Поедноставете го просторот

Тргнете ги настрана сите непотребни работи што се насобирале во текот на зимските месеци – тоа се премногу работи што ѝ натежнуваат на вашата соба и го вознемируваат вашиот сон. Отстранете сè што не припаѓа во спалната, па дури и тргнете ги теписите за да ја освежите собата.

5. Обојте ја просторијата со светли бои

Будете се секое утро во разнобојна соба. Светлите, силни бои се совршени за да ве наполнат со енергија веднаш штом ги отворите очите и да ве инспирираат да го зграпчите денот!

6. Внесете ја надворешноста

Допирот со природата може чуда да направи. Живописните лисја изгледаат одлично во комбинација со белите ѕидови и ќе веднаш ќе направат просторот да изгледа свежо и ладно. Држете се до едноставноста и ќе добиете неверојатен резултат.

Уживање, релаксирање и добар сон: 8 чекори до спална соба од соништата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар