Хотел во кој би се сложиле да живеете

Хотел во кој би се сложиле да живеете

Во хотелот „W“, лоциран во центарот на градот Атланта, секој би сакал да отседне барем неколку дена, а причините се очигледни: уметност, забава, култура и ноќен живот. Па кој би сакал да го пропушти ова?Хотел во кој би се сложиле да живеетеКако и останатите W хотели низ светот, и оној во Атланта, во својот фокус се задржува на прогресивниот дизајн, луксузниот комфор и на цените кои се пристапни во однос на другите хотели од оваа класа.Хотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеХотелот го карактеризира ентериер од ICRAVE, фирма за архитектура и внатрешен дизајн од Њујорк која е фокусирана на ресторани, хотели и ноќен живот. Тие имаат развиено динамично чувство за хотелот, во некои делови со софистицирано и минималистичко уредување, во други, со диви и сложени елементи. Секоја јавна просторија има свој идентитет, на тој начин овозможувајќи им на гостите возбуда и изненадување секогаш кога тие ќе влезат во некоја од нив.Хотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеНаспроти вибрирачките и живописни дизајни на јавните простории, приватните соби имаат поконзервативен стил, со идеја гостите да се чувствуваат како да се тие во фокусот на просторот. Хотел во кој би се сложиле да живеетеБоите се неутрални и природни, но се потенцирани со светло обоени елементи како цртежи на ѕидовите, креветите и слично. Погледнете ја бањата – иако неутрална и топла, светлите нерасцветени трендафили под лавабото, ѝ се спротивставуваат на топлината и неутралноста на просторијата.Хотел во кој би се сложиле да живеетеПокрај дизајнот, за хотелот W во овој град, важна е и локацијата. Сместен во центарот на градот, тој е во срцето на уметничкиот дистрикт во Атланта. Театарот Фокс, Ботаничката градина, Балетот, Симфонискиот оркестар и Музејот на уметноста се причини плус за да го засакате местото. Кога станува збор за ноќниот живот, ова жешко место е домаќин на клубови како Opera, Primal и Velvet Room, како и на места од типот LGBT. Хотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеете


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. maja Reply

    wow kolku idei dobiv samo za dekoracija na domott.. sega so sigurnost znam koi boi da gi kupamm.. prekrasno eeee!

Напиши одговор на maja Откажи одговор