ТВ серија: Помлада (Younger)
ТВ серија за една жена во 40-тите која се обидува да си ја обнови кариерата така што вели дека има 26 години
Главни улоги: Сатон Фостер, Деби Мазер, Миријам Шор
Жанр: комедија
Креатор: Дарен Стар
Премиера: 24 февруари 2015
Број на сезони: 1
Времетраење: 30 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка:
Лајза (Сатон Фостер) е во своите 40-ти години, има ќерка која моментално живее во Индија и сопруг со кој се во процес на разведување. Таа пред 20-тина години била многу успешна во својата кариера, но решила да се откаже од неа со цел да го посвети целото свое време на домот и семејството. Но, откако таа останува сама дома, одлучува повторно да ѝ се врати на својата кариера и да продолжи онаму каде што застанала.

По голем број неуспешни интервјуа, таа сфаќа дека работите во уредништвото се многу сменети и дека таа пропуштила многу нешта додека не работела, особено во областа на социјалните мрежи. Но, во истиот момент кога ќе помисли дека можеби никогаш нема да најде работа, еден млад и згоден дечко ќе ѝ пристапи во бар, мислејќи дека таа е во нејзините 20-ти години, па токму тоа ќе ѝ даде идеја да го смени нејзиното резиме и да почне да се претставува како 26-годишна девојка која е подготвена да почне од нула со цел одново да ја изгради својата кариера.

„Помлада“ е лесна и забавна ТВ серија која е одличен избор доколку сакате да се одморите и опуштите. Обидите на Лајза да се однесува како незрела 20-годишна девојка многу често завршуваат урнебесно, доведувајќи ја до непријатни ситуации, но истовремено и ви покажуваат дека сè е можно доколку навистина сте решиле да го направите тоа. Лајза ќе запознае нови пријателки, како и момче кои без да знаат ќе ѝ помогнат одново да ги проживее своите 20-ти, но овој пат многу позабавно од претходно.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


(15 гласа, просек: 9,53 од 10)




























