Нумеролошка прогноза за зимата 2023 година во поглед на љубовта и кариерата

Нумеролошка прогноза за зимата 2023 година во поглед на љубовта и кариерата

Прочитајте ја нумеролошката прогноза за зимата 2023 година во поглед на љубовта и кариерата.

Нумеролошка прогноза за зимата 2023 година во поглед на љубовта и кариерата

Декември 2022 година

Време е да одморите и да размислите за вашите планови за новата 2023 година. Исто така, можна е тензија во декември со оглед на тоа дека ќе сакате да ги завршите преостанатите обврски. Така, во овој период ќе бидете преокупирани со семејни проблеми, но и со љубовните врски. Многумина во овој период ќе отидат и на патување, а тоа не е чудно, бидејќи празниците се одличен момент за средби со семејството и пријателите. Во поглед на љубовта и врските, декември ќе биде доста стресен месец, па ако чувствувате дека има проблеми во врската, обидете се да не ги влошувате и обидете се да ги решите со разбирање и мирна комуникација. Имајте на ум дека во одреден момент ќе мора да направите компромиси за да ги зачувате односите.

Јануари 2023 година

Во јануари многумина од вас ќе имаат можност да започнат да работат на ново работно место. Освен тоа, можни се турбуленции на полето на љубовта и врските. Можете да видите и почувствувате тешкотии во односите, недоразбирања, расправии и конфликти. Ако тоа се случи, тогаш обидете се да направите компромис и да го разберете вашиот партнер. Не донесувајте избрзани одлуки пред да разговарате и да ги разгледате сите опции. Ова ќе ви даде можност да ја поправите ситуацијата и да почнете самостојно да го контролирате вашиот живот.

Февруари 2023 година

Овој месец ќе биде корисен за стекнување нови знаења и вештини. Ќе бидат нагласени темите на знаење, духовност, менторство и настава. Февруари е најуспешен за добивање информации, студирање, посетување курсеви, аплицирање за факултети и слично. Можно е во вашиот живот да се појави ментор, учител, шеф и да ја искористите неговата помош. Многу е веројатно дека во текот на овој период ќе имате и важни деловни преговори. Меѓу другото, во февруари ќе се активираат авторитетот, способноста за донесување одлуки, јасноста, смиреноста и разумот. Февруари ќе биде и период кога ќе мора да донесете важни одлуки.

Откако ја прочитавте нумеролошката прогноза за оваа зима, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 29 декември до 18 јануари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар