Како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 29 декември до 18 јануари?

Како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 29 декември до 18 јануари?

Меркур, планетата на комуникацијата, ја започнува својата ретроградна фаза на 29 декември, што значи дека овој, според астролозите, неповолен планетарен аспект, нè очекува за време на новогодишната ноќ.

Како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 29 декември до 18 јануари?

За време на ретроградната фаза, Меркур има најголемо влијание врз полето на комуникацијата и начинот на кој размислуваме. Можно е да се забави комуникацијата или погрешно да пренесете одредени пораки ако не внимавате, но може и да ви донесе средби со луѓе од минатото. Тоа може да бидат стари пријатели со кои сте изгубиле контакт, роднини кои долго време не сте ги виделе и поранешни партнери.

На крајот на годината, многумина прават списоци со желби и донесуваат новогодишни одлуки. Дали сега е добро време за тоа кога Меркур е во ретроградна фаза? Се разбира дека е, само треба да го промените вашиот пристап и да ја насочите вашата енергија во вистинскиот правец. Наместо да ги креирате сите планови и одлуки на крајот на годината, почнете да размислувате за нив во текот на следните недели. Бидејќи Меркур има моќ да владее со менталните процеси, неговата ретроградна состојба може малку да ве збуни. Ќе се јави тенденција да се фокусирате повеќе на минатото отколку на иднината.

Иако не е поволно често да се размислува за минатото, сепак оваа ретроспекција може да ви помогне да донесете одлуки врз основа на вашите желби. Можете да се вратите назад и да се потсетите на старите победи, да ги искористите вашите стари таленти, но и да сфатите каде сте згрешиле. Во овој период важно е да станете свесни за тоа што ве спречува да ги освоите вашите соништа и да се ослободите од тие пречки.

Кога ќе заврши ретроградната фаза на Меркур на 18 јануари 2023 година, ќе имате можност да донесете реални одлуки врз основа на сите оние фактори што сте ги зеле предвид претходно.

Иако ретроградниот Меркур се смета за негативен аспект во астрологијата, нема причина за паника. Сепак, важно е да воспоставите внатрешен мир во овој период, повторно да се поврзете со себе, да се одморите, да ги преиспитате вашите аспирации… Посветете повеќе внимание на вашиот внатрешен свет и стапете во подлабок контакт со вашите мисли и емоции.

Според астролозите во овој период најважно е да бидете опкружени со позитивни и добри луѓе кои ќе ви помогнат, но и ќе ви дадат инспирација и мотивираат кога ќе се чувствувате обесхрабрени.

Откако прочитавте за влијанието на ретрограден Меркур во следниот период, можеби ќе сакате да ги прочитате и астролошките совети за секој хороскопски знак за 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар