Претходно
Фотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење
Сте се запрашале ли некогаш колку е навистина голем универзумот? Погледнете ги овие фотографии кои ќе ве остават без зборови и кои ќе ве натераат да се замислите за вашето место во овој бескраен простор…
1. Ова е планетата Земја. Вие живеете тука.

2. Ова е вашето место во соседството, во Сончевиот систем.

3. Ова е оддалеченоста помеѓу Земјата и Месечината. Не изгледа премногу далеку нели?

4. Размислете повторно! Помеѓу Земјата и Месечината може удобно да ги собере сите планети од нашиот Сончев систем.

5. Но, ајде да зборуваме малку за планетите. Таа малата зелена дамка е Северна Америка на Јупитер.

6. А ова е големината на Земјата (поточно, на 6 Земји) во споредба со Сатурн.

7. И само за споредба, еве како би изгледале Сатурновите прстени доколку беа околу Земјата.

8. Ова што го гледате на оваа фотографија е комета. Неодамна научниците успеаја да слетаат сонда на една од овие лоши девојки. Погледнете како една комета изгледа во споредба со Лос Анџелес.

9. Но, тоа не е ништо во споредба со нашето сонце. Погледнете!

10. Еве сте вие од Месечината:

11. Еве сте вие од Марс:

12. Еве сте вие позади Сатурновите прстени:

13. Eве сте и позади Нептун, на околу 6 милијарди километри оддалеченост:

14. Да направиме еден чекор наназад. Погледнете ја големината на Земјата во споредба со нашето Сонце. Изгледа застрашувачки, се согласувате?

15. И еве ја истата таа фотографија од површината на Марс:

16. Но, тоа не е ништо. Како што Карл Саган еднаш кажал, постојат повеќе ѕвезди во вселената отколку што има зрна песок на сите плажи на Земјата.

17. Тоа значи дека постојат ѕвезди кои се многу, многу поголеми од нашето мало Сонце. Погледнете колку мало и незначајно изгледа тоа во споредба со оваа ѕвезда:

18. Еве уште еден поглед. Најголемата ѕвезда, „VY Canis Majoris“, е околу 1.000.000.000 пати поголема од нашето Сонце.

19. Но, ниту една од овие ѕвезди не може ни да се спореди со големината на една галаксија. Всушност доколку го смалите Сонцето со големина на бело крвно зрнце и ако го смалите Млечниот пат според истите пропорции, тој ќе биде голем колку Америка.

20. Галаксијата Млечен пат е огромна! Вие живеете тука:

21. Но, на ноќното небо можете да ги видите само овој мал број ѕвезди:

22. Дури и нашата галаксија е мала во споредба со некои други. Погледнете го Млечниот пат во споредба со „IC 1011“, која се наоѓа на оддалеченост од 350 милиони светлосни години од Земјата.

23. Но, ајде да размислуваме малку пошироко. На оваа фотографија направена од страна на телескопот Хабл, постојат илјадници и илјадници галаксии, а во секоја од нив милиони ѕвезди со свои сопствени планети.

24. Еве една од галаксиите кои можат да се видат на таа фотографија. „UDF 4230“ е околу 10 милијарди светлосни години оддалечена. Кога ја гледате оваа фотографија, вие всушност гледате милијарди години во минатото.

25. Имајте на ум дека фотографијата од Хабл е направена од многу, многу мал дел од универзумот. Таа опфаќа еден незначаен дел од ноќното небо.

26. Токму затоа слободно можеме да претпоставиме дека има и црни дупки таму некаде. Погледнете ја застрашувачката големина на една црна дупка во споредба со орбитата на Земјата.

Ако некогаш се чувствувате лошо поради тоа што ја откажале вашата омилена ТВ серија или поради фактот дека некој почнал да пушта новогодишна музика прерано, само потсетете се на ова…
Ова е вашиот дом.

И ова се случува кога ќе почнете да се оддалечувате од вашиот дом.

Ова се случува доколку продолжите да се оддалечувате…

И уште подалеку…

Продолжете…

Уште малку подалеку….

Уште малку и пристигнавме…

И еве, ова е тоа што сè наоѓа во универзумот кој може да биде набљудуван. Тука е вашето место. Вие сте како една мала мравка во огромна тегла.































WOW, interesno :))))))
hehe nezamislivo
На сликата погоре каде споменувате Јужна Америка, сигурни сте? Бидејќи пишува North America на самата слика а и кога ќе погледнете добро, тешко дека Јужна Америка го има тој облик
Мал лапсус при преводот. 🙂 Поправено!
Dali ste sigurni deka 4 podatok e ispraven?