Како ќе ни влијае сезоната на владеење на знакот Рак од 21 јуни до 22 јули?

Како ќе ни влијае сезоната на владеење на знакот Рак од 21 јуни до 22 јули?

Сезоната на владеењето на Ракот сака да нè поттикне да се вратиме назад и да пронајдеме безбедно место каде што секогаш можеме да одиме, без разлика што се случува околу нас и во нас.

Како ќе ни влијае сезоната на владеење на знакот Рак од 21 јуни до 22 јули?

Сезоната на Ракот започнува на 21 јуни и е секогаш поволно време бидејќи е совршено усогласено со Сонцето. Тоа значи дека ако бидеме свесни за сочувствителните и искрени енергии што ги носи владеењето на Ракот, ќе можеме подобро да се усогласиме за да ги примиме исцелителните вибрации од Сонцето.

Земјата се подготвува да започне нов пат, а бидејќи оваа планета е наш дом, ние исто така ќе тргнеме на патување во новото и непознатото. На овој ден ќе настапи промена на годишните времиња, па затоа би било добро да пронајдеме тишина во себе и да ја набљудуваме промената на енергијата и да сфатиме како таа нè насочува додека се наближуваме до средината на годината.. Тоа е време кога можеме да сфатиме дали одиме во насоката што ја сакаме.

Меѓутоа, пред да продолжиме напред, сезоната на Ракот ќе нѐ натера да паузираме и да размислиме за нашите цели и за патот по кој одевме досега.

Одвојте момент и размислете за 5 работи кои прават да се чувствувате удобно. Што ви помага да се вратите во длабочината на вашата душа? Тоа може да бидат активности, одредени глетки или мириси, храна; нема ограничување за тоа што можете да изберете.

Откако ќе ја имате вашата листа, поставете си приоритет да ги вклучите овие работи во вашиот живот во оваа сезона на Рак.

Кога се чувствувате удобно во вашата кожа, тоа ви овозможува да бидете отворени и заштитени во исто време. Ви овозможува да се чувствувате заштитено за да можете да излезете во светот и да постигнете сè што можете, но исто така ви нуди можности да ја откриете убавината на животот.

Многумина од нас со текот на годините учат дека чувството за потреба од безбедност го наметнува поставувањето оклоп околу себе. Иако ова понекогаш е точно, сепак тоа може и да нè спречи да се отвориме кон љубовта, можностите и патот до целта.

Многумина, исто така, учат дека давањето и споделувањето со другите е вистинскиот начин да се постигне безбедност и удобност. Ова, пак, често може да се сведе и на чувство на исцрпеност и некакво верување дека вие сте должни да им помагате постојано на другите.

Најдобро е да останете отворени за другите и за светот, но истовремено да знаете како да се заштитите себеси. Станува збор за патувањето наречено „самољубие“ и колку повеќе го практикувате, толку повеќе ќе се сакате себеси, толку повеќе ќе се чувствувате силни, заштитени и отворени за авантурата и можностите што ги носи универзумот.

Вие сте вредни. Вие сте достојни за љубов, но уште поважно, вие сте достојни за сопствената љубов. Но, важно е да знаете дека животот понекогаш може да ве исфрли од рамнотежа и да ви донесе настани кои ќе ја тестираат вашата сила и издржливост. Нема секогаш да биде лесно, но вие ќе ја имате поддршката на универзумот.

Вашата мантра која треба да ја повторувате секогаш кога ќе наидете на тешкотии: „Мојот дом е местото каде што лежи моето срце и тука сум силен/силна. Зрачам со љубов и тоа ми овозможува да бидам отворен/а и заштитен/а. Се сакам себе си. Се чувствувам силно и верувам во себе“.

На 3 јули, пак, нè очекува предизвикувачка полна Месечина во Јарец. Иако оваа полна Месечина носи некои силни енергии, ќе нè поттикне да го насочиме вниманието на работите што нè кочат и на промените кои треба да ги направиме за да одиме напред.

Владеењето на Ракот ќе заврши со ретроградна Венера во Лав. Ова е уште еден клучен космички настан во годината, бидејќи Венера се движи ретроградно на секои 18 месеци, што ја прави нејзината енергија неверојатно значајна.

Ретроградната Венера во Лав ќе активира многу енергии насочени кон срцето, што ќе нè наведе да се отвориме и да го најдеме патот до подлабоката љубов.

Со толку многу космичка енергија што циркулира за време на оваа сезона на Рак, важно е да запаметиме да се залагаме за себе и да го следиме она што ни го велат нашите срца.

Откако прочитавте за влијанието на сезоната на Ракот, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае младата Месечина во Близнаци на 18 јуни.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар