Колку се слабее со пешачење?

Колку се слабее со пешачење?

Пешачењето на организмот му дава бројни здравствени придобивки, кои пред сè се однесуваат на отстранување и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. За жал, тешко може да се очекува дека со пешачењето како единствена физичка активност можат да се загубат килограми.

Колку се слабее со пешачење?

Пешачењето, едноставно, не согорува доволно калории за да предизвика намалување на телесната тежина, освен ако не е дел од програма со други вежби и посебен режим на исхрана. Ако пешачите еден час со брзина од 2,5 км/час, што претставува нормално темпо, ќе согорите помеѓу 200 и 300 калории зависно од моменталната телесна тежина. Тоа значи дека вашата прошетка ви помогнала да согорите помалку или повеќе од две до три јаболка, или едно до две парчиња бел леб. За да симнете еден килограм треба да согорите околу 7.000 калории, а тоа би биле помеѓу 25 и 35 едночасовни прошетки со нормално темпо, зависно од телесната тежина, под услов да се применува соодветен режим на исхрана со кој се обезбедува калориски дефицит.

Колку се слабее со пешачење?

Пешачењето може да даде некакви резултати ако се изведува на начин што овозможува согорување на поголем број калории од вообичаеното. Можете да се обидете со брзо одење или со пешачење по ридови. Во тој случај согорувањето на калориите се зголемува и до три пати.

Не ве обесхрабруваме да пешачите. Тоа е одлична активност, добра е за вашето срце, но не можете да се потпрете на тоа ако целта ви е да ги отстраните масните наслаги од телото. Во таков случај треба да се обидете со трчање, спринтови, вежбање во теретана, возење велосипед, пливање, или кој било друг спорт кој ќе ви падне на памет, и секако, примена на здрав режим на исхрана.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар