Водич: одберете чанта според вашето тело

Чантата е моден додаток кој го заокружува вашиот изглед. Но, чантата може да го направи изгледот префинет или сосема да го уништи. Затоа, внимавајте кога купувате и одбирате чанти. Тие треба да ги нагласат вашите најдобри делови од телото и да бидат дел од вас.Водич: одберете чанта според вашето тело

Жени со голем граден кош

Водич: одберете чанта според вашето телоЖените со широки раменици и голем граден кош треба да избегнуваат чанти со мали рачки, бидејќи нивното носење го акцентира токму тој дел во кој се најшироки. Одберете чанти со долги рачки со кои ќе може да се одвлече вниманието од рамениците и градите, а ќе ја потенцира вашата облека. Ако пак целта ви е да ги нагласите вашите големи гради, тогаш чанта со мали рачки или без рачки е онаа која го прави тоа најдобро.

Жени со широка половина и колкови

Водич: одберете чанта според вашето телоШироката половина, големиот стомак и широките колкови ќе изгледаат речиси незабележително ако носите чанта чии рачки завршуваат под рацете (под пазувите). Држете се настрана од чанти со долги рачки до колковите или стомакот, затоа што тие го нагласуваат тоа што вие не го сакате кај себе.

Жени со нагласени облини

Водич: одберете чанта според вашето телоИзбегнувајте мали коктел чанти, бидејќи со нив ќе изгледате уште поголеми од тоа што сте. Чанта со нормална големина или од средна до голема димензија е тоа што ви треба за да ја задржите вашата пропорција со пропорцијата на чантата.

Високи и слаби жени

Водич: одберете чанта според вашето телоНајдобро ќе ви прилегаат мали коктел чанти и чанти со мали, незабележителни рачки. Големите и масивни чанти не изгледаат убаво на висока девојка.

Ниски жени

Водич: одберете чанта според вашето телоБидејќи ниските жени сакаат да изгледаат барем сантиметар повисоко, тоа можат да го постигнат со чанта со долги и тенки рачки во боја на облеката која ја носат. Избегнувајте широки чанти со големи рачки и разни додатоци, бидејќи тие прават да изгледате уште пониски од тоа што сте.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Mila Reply

    Jas imam sredna visina, proporcionalno sum gradena i imam malku istaknati butovi. Kakva tashna najubavo ke mi stoi?

  2. Теодора Трповска Reply

    Мила,

    За жени со средна висина се препорачуваат мали чанти, но не оние плик чантички. Исто така, добри се и чанти со средна големина и со нагласени агли.

  3. eli Reply

    девојки, носете си што ви душа сака и тоа што ви е омилено! Без разлика дали е гардероба, чанти, чевли. Се’ изгледа убаво доколку е чисто и пристојно. Вакви “интелигентни” водичи се само маркетинг за потрошувачка индустрија. Имено, јас сум 180 цм и обожавам големи чанти. Постов би бил смешен да не е толку патетичен.

Остави коментар