Топено сирење во лепче

Највкусното растегливо зачинето сирење инспирирано од класичната бела пица

Топено сирење во лепче

Потребни состојки за 4 парчиња:
  • 120 грама полномасно сирење рикота (урда)
  • 2 лажички ладно цедено маслиново масло
  • 1 мала главица исечкан лук
  • 1 лажица свеж босилок (или 1 мала лажичка сув)
  • ½ лажичка суво оригано
  • ¼ лажичка сол
  • Свежо сомелен бибер
  • 25 грама рендан пармезан
  • 220 грама моцарела, тенко исечена на парчиња
  • 8 средни парчиња тенко сечен леб
  • 1 голема главица лук, лупена и исечена на половина
  • путер
Начин на подготовка:

1. Во мал сад измешајте ги рикотата, маслиновото масло, сечканиот лук, босилокот, ориганото, солта и биберот. Ставете ја смесата во фрижидер да отстои барем еден час (или до 24 часа) за да се измешаат убаво мирисите и да се создаде уникатниот вкус.

2. Легнете ги лепчињата и со нож за путер нанесете ја подеднакво смесата на сите 8 парчиња.

3. Поставете од парчињата моцарела подеднакво на 4 од парчињата леб, одозгора попрскајте пармезан и затворете ги со останатите 4 парчиња како сендвичи.

4. Надворешната страна на сендвичите протријте ја со исечениот лук и потоа намачкајте значителна количина путер од двете страни.

5. Во тавче, на средно загреана рингла ставете ги сендвичите и потпекувајте ги со често вртење околу 10 минути или додека лепчињата да добијат златно-кафена боја, а сирењето да биде растопено.

Топено сирење во лепче

Јадете ги веднаш додека се топли.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mia Reply

    “ricotta” ne e nikakov vid na sirenje tuku e italijanski zbor za “urda”

  2. Mici Reply

    Оставете нешто за наш стандард, ова е скапо

Остави коментар