Совладајте го одењето на штикли – лесно и едноставно

Одењето на штикли знае да биде напорно и ужасно болно, посебно ако сте на нив со часови. Сепак, кога веќе сте одлучиле да носите штикли, погрижете се да одите правилно и убаво, во спротивно вашето движење ќе изгледа по малку смешно и сигурно нема да се чувствувате добро.

1.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mk

1. Секогаш бидете исправени

Еден од клучните елементи за одење во чевли со високи потпетици е правилното држење на телото. Бидете исправени, погледот напред и храбро чекорете, но притоа немојте да изгледате како да имате метла на грбот. Опуштете се и погрижете се рацете да ви бидат „лесни“ за да си помогнете да одржувате рамнотежа.

2. Вежбајте пред огледало

Облечете штикли, застанете пред огледало и пробајте да направите неколку чекори налево и надесно. На тој начин ќе видите дали ви одговараат и дали со нив можете да одржувате рамнотежа. Светот изгледа поинаку кога го гледате од височина, навикнете се на тоа чувство.

3. На штикли не смеете да се лизгате

Ако ви е штиклата лабава и не ви „лежи“ убаво на стапалото, обидете се тоа да го поправите со силиконски влошки. Тие ќе ви ги направат чевлите поудобни и ќе го спречат лизгањето на стапалото. Задолжително проверете го и ѓонот, ако е лизгав веднаш однесе ги штиклите на поправка.

4. Чекорете бавно и одмерено

Немојте цврсто и енергично да ги забивате петите во земја, па да ве слушаат по цела улица. Исто така внимавајте на движењето на рацете, не е убаво да изгледате како да довикувате помош. Кога сте на штикли, не брзајте! Опуштете го телото и полека, со ситни чекори движете се напред. Следете го ритамот на колковите и правилно распоредете ја тежината на телото.

5. Седнете кога можете

2.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mk

Планирате цела ноќ да ја поминете на штикли? Тоа звучи напорно. Затоа независно од местото и времето, седнете и одморете се. На секои 30 минути наоѓајте интересно друштво, сместете се удобно, прекрстете ги нозете и на сите покажете им ги прекрасните штикли.

6. Секогаш изобилувајте со самодоверба

Главната причина поради која жената која носи штикли изгледа убаво е самодовербата. Ако немате превисоко мислење за себе, глумете дека го имате. Замислете си дека сте најубавата жена на светот и во никој случај не симнувајте ја насмевката од вашето лице.

7. Вежбање, вежбање и повторно вежбање

Иако се чувствувате удобно додека се движите на штикли, продолжете со вежбање. Одењето на штикли можеби изгледа едноставно, но не го земајте здраво за готово. Последната работа која сакате да ви се случи е да се посрамотите пред друштвото или уште полошо – да повредите зглоб.

8. Гледајте каде одите

Дури и на професионалните жени со високи потпетици може да им се случи незгода. Поради тоа секогаш треба да имате предвид по каква површина чекорите. Пред да зачекорите храбро, проверете дали одите по површина која е лизгава, полна со камчиња или дупки. Затоа, гледајте каде одите!

9. Не одбирајте превисока штикла

3.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mk

Без разлика колку многу ви се допаѓаат некои чевли, ако во нив изгледате како Бамби на мраз, тие не се вистински избор за вас. Немојте да бидете премногу амбициозни и веднаш да ги зграбите штиклите од 10 сантиметри. Пред да излезете надвор со нив, прво поносете ги дома за убаво да ги разгазите.

10. Прво пета, потоа прсти

Внимавајте на мекоста на чекорот. За да изгледате грациозно, прво на тлото спуштете ја петата, па потоа лесно спуштете ги прстите. Кога стапалото е цело на површина, прво подигнете ја петата, за да останете на прсти и потоа нежно зачекорете. Дури го правите тоа, замислете дека летате два метри над земја и дека никоја друга девојка не ви е на исто ниво.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар