Престанете да се обидувате да ги поправите луѓето и прифатете ги такви какви што се

Не можете да поправите никого. Сите што ги сакате се „расипани“ на еден или на друг начин. Тоа ни го прави животот таков каков што е и иако звучи тажно, мора да се помириме со реалната ситуација. Животот е суров и комплициран. Сите наши сакани доаѓаат со некаков длабок и тежок емоционален багаж. Ако барате совршени луѓе, тогаш сте на погрешната планета, бидејќи Земјата е место каде што сите имаат маани. И знаете што? Тие маани треба да ги прифатите!

Престанете да се обидувате да ги поправите луѓето и прифатете ги такви какви што се

Поминуваме премногу време пред огледало убедувајќи се себеси дека сме убави и покрај нашите недостатоци, но треба навистина да поверуваме во тоа. Недостатоците се оние што нѐ прават посебни и оригинални.

Токму затоа никогаш не треба да се обидувате да ги поправите луѓето околу вас. Наместо тоа треба да ги сакате онакви какви што се. Ако тие самите сакаат да се поправат, тогаш ваше е само да ги сакате и да ги поддржувате додека минуваат низ болниот процес на заздравување и развивање.

Сите ние имаме лоши денови и срушени соништа и еден ден ќе најдеме некој кој ќе нѐ цени поради тоа што сме. Не треба да барате совршена љубов. Треба да најдете несовршена љубов која ќе направи да се чувствувате пријатно, прекрасно и неверојатно покрај вашата сакана личност.

Не можете никого да поправите и доброто е тоа што не ни морате да го правите тоа. Треба да ги прифатите луѓето со сите нивни доблести и маани. Заедно со вашите најблиски научете да ги сакате оние недостатоци што другите луѓе не можеле да ги разберат и поради кои ве потцениле. Сакајте се себеси и другите без да пробувате да се промените. Бидете сигурни дека вашето вистинско „јас“ ќе блесне во нечии очи и ќе стане најизвонредното нешто што постои на светот.

Во продолжение прочитајте кои се 5-те позитивни човечки особини што општеството ги смета за слабости.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар