Интровертите откриваат: 4 работи што им пречат кај екстровертите

Интровертите откриваат: 4 работи што им пречат кај екстровертите

Интровертите и екстровертите се многу различни типови луѓе. Но, тоа не значи дека не можат да живеат во совршена хармонија. Сепак, за да се случи тоа, овие различни поединци треба да научат како да се разбираат меѓусебно. Од таа причина, екстровертите треба да дознаат кои нивни начини на однесување ги нервираат интровертите. Во продолжение дознајте за што станува збор…

Интровертите откриваат: 4 работи што им пречат кај екстровертите

1. Екстровертите понекогаш ги игнорираат интровертите

Не велиме дека сите екстроверти треба да научат сѐ за интровертноста, но би било добро да се запознаат со начинот на размислување на интровертите. Она што треба да го знаат е дека интровертите претпочитаат да бидат сами или во мали групи, секогаш размислуваат два пати пред да проговорат и тоа што се тивки не значи дека нешто не е во ред со нив. Но, имајте на ум дека ова не важи за сите интроверти. Тие можат многу да се разликуваат едни од други исто како и екстровертите.

2. Екстровертите понекогаш ги омаловажуваат интровертите

Вашите интровертни пријатели не ве осудуваат кога се прибирате дома во раните утрински часови, па затоа не е убаво што им префрлате кога сакаат да си отидат порано. Треба да разберете дека интровертите уживаат во различни работи и да го почитувате тоа. Наместо да ги молите да ве придружуваат во одењето од еден до друг бар, само насмевнете се и пуштете ги на слобода. Интровертите се многу самосвесни и знаат кога им е време да си одат дома и да ги наполнат батериите.

3. Екстровертите се обидуваат да ги „поправат“ интровертите

Да, можеби вашата пријателка е срамежлива и не се осудува да го каже своето мислење. Иако не се согласувате со тоа, немојте да ја принудувате да се качи на сцена и да пее со вас на караоке. Тоа е сурово. Интровертите се такви какви што се и залудни се вашите обиди да ги промените. Не би било убаво кога би принудувале некој екстроверт да се затвори дома, се согласувате? Па затоа немојте да го принудувате интровертот да излезе надвор.

4. Екстровертите многу лично ја сфаќаат интровертноста

Кога некој интроверт ќе ја одбие вашата покана за излегување, немојте да го сфаќате тоа лично. За интровертите социјализацијата знае да биде многу напорна, па затоа кога нивната енергија е потрошена, не само што им е тешко да се преправаат туку и им треба повеќе време за да си ги наполнат батериите. Во овој случај, не е до вас, туку до нив е. Немојте веднаш да помислувате дека не сакаат да се дружат со вас.

Доколку не сте сигурни во која група луѓе припаѓате вие, направете го овој тест и дознајте дали сте интровертна или екстровертна личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар