5 позитивни човечки особини што општеството ги смета за слабости

Постојат некои човечки особини и навики кое општеството ги смета за слабости, но всушност се знак на сила и интелигенција. Плачењето на пример, им се припишува како навика на слабите луѓе, но тоа не е воопшто така. Наместо да ги поттикнуваме нештата што ја сочинуваат нашата човечност, ние ги потиснуваме со помош на некои површни обиди и намери да се претставиме лажно. Честопати забораваме дека треба да ги прифатиме луѓето заедно со сите нивни доблести и мани. Ова се некои од човечките позитивни карактеристики што се сметаат за слабости…

5 позитивни човечки особини што општеството ги смета за слабости

1. Емоции

Неодамна било спроведено истражување во кое на испитаниците им биле покажани слики од луѓе кои плачат и од луѓе со сериозен израз на лицето. Кога ги прашале со кои би одбрале да работат, тие ги претпочитале сериозните, бидејќи верувале во стереотипот дека луѓето кои ги покажуваат емоциите не се толку компетентни. Плачењето и изразувањето на чувствата се смета за знак дека човекот не може да се справи со одредена ситуација. Но, тоа воопшто не е така. Тоа всушност значи дека човекот ја процесира ситуацијата и ја разбира на подлабоко ниво. И покрај тоа што емоциите исто како и мислите можат да ни го одвлечат вниманието ако им дозволиме, тие исто така можат и да ни помогнат да донесеме одлуки и да се поврземе со другите.

2. Чувствителност

Чувствителноста кон физичките дразби, општествените неправди или туѓите чувства може да ви залепи етикета на „луди“ или „драматични“, но тоа е всушност знак дека имате добра перцепција. Чувствителните луѓе се добри набљудувачи, многу се добродушни и општествено совесни.

3. Необичност

Децата и возрасните меѓусебно се исмеваат со помош на епитетите „чуден“ и „необичен“, употребувајќи ги овие зборови како да се навредливи. За луѓето кои не се согласуваат со туѓите мислења се вели дека се тешки за соработка, а луѓето кои не сакаат да излегуваат на истите места како и нивните пријатели се сметаат за осамени интроверти. Но, сите луѓе се различни и токму таа човечка оригиналност ни овозможува да бидеме креативни и да добиваме нови идеи. Истражувањата покажале дека колку поразлични се луѓето од еден ист работен тим, толку поуспешно ќе биде завршена работата.

5 позитивни човечки особини што општеството ги смета за слабости

4. Посветеност на семејството

Неодамнешните истражувања откриле дека работодавците поретко вработуваат жени, бидејќи претпоставуваат дека порано или подоцна тие ќе посакаат да имаат деца. Постојат и многу мажи кои признаваат дека биле отпуштени од работа затоа што присуствувале на раѓањето на нивните деца. Луѓето треба да разберат дека семејството е исто толку важно колку и работата. Освен тоа, фамилијарните луѓе се повнимателни, поодговорни и имаат повеќе разбирање на работното место и во секоја друга сфера од животот.

5. Инвалидност и психички нарушувања

Сите луѓе се соочуваат со некаков предизвик или потешкотија во животот. Исто како и секој друг предизвик, инвалидноста и психичките нарушувања можат да ве направат посилни. Луѓето кои се соочуваат со вакви сериозни проблеми имаат поинаков поглед кон светот, друг начин на размислување и поседуваат неизмерна сила со чија помош ги совладуваат сите пречки што ќе им се најдат на патот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар