Моето прашање е: високо или не?

Автор: Високо Ц

Ќе ви откријам една тајна (иако мислам дека досега сте сфатиле). Високо Ц не е тонот на мојот глас. Високо Ц е високо во сантиметри, или како што милуваат моите пријатели често да кажат, повисока сум од повеќето луѓе во мојот живот.Моето прашање е: високо или не?И иако висината во многу случаи се покажала како предност (не ме боли раката кога се држам во автобус на пример), во многу други ситуации посакував да сум барем некој сантиметар пониска. Најчесто, кога купувам панталони, бидејќи секогаш ми фалат десетина сантиметри должина. Кога би имала To Do листа, веројатно една од топ 10 точките на неа би била „Петиција до нашите бутици и продавници да донесат панталони кои ќе имаат подолги ногавици“.

Една од поразочарувачките ситуации е моето излегување по клубовите. Со мојата висина лесно можам да ги видам сите присутни и неретко се чувствувам како воајер. Затоа, претпочитам да седам. Да не ви кажувам и дека, како љубител на високи штикли, често се случува да имам поглед од птичја перспектива и неретко не сум во тек со разговорот кој го водат моите пријатели бидејќи треба да се искривам надолу (што го боли мојот р’бет). Ама предност е кога сакаш да го викнеш келнерот нели? :)

Дополнителниот проблем и веројатно оној кој повеќе ме мачи, е наоѓањето на соодветно висок примерок од спротивниот пол. Не ме разбирајте погрешно, немам јас проблем со пониските мажи од мене и немам проблем да излегувам (читај: dating) со нив. Во еден период од мојот живот ја имав најголемата колекција на апостолки и балетанчиња. :)

Ама сепак се прашувам: каде се кријат мажите повисоки од 180 сантиметри???

Не велам дека ги нема, но повеќето се зафатени, а слободните… ок… тоа е друга тема на муабет и не е во корелација со оваа.

Сериозно. По враќањето од мојата последна посета на Белград, каде морам да ви кажам дека има поприлично високи (читај: повисоки од мене) мажи, се чувствував како џин во детска градинка.

Имаше денови кога бев во искушение да направам свој профил за Tall women and Taller men на еден од сајтовите за online dating.

Што ме премисли? Веројатно тоа што сите ние патиме од стереотипи од различни видови. И кога велам сите, мислам сите. Стотици форуми на тема зошто жените сакаат повисоки мажи, зошто општеството има предрасуди кон високите жени кои се со пониски мажи и обратно, високи мажи со прилично ниски жени. Илјадници коментари како жените сакаат да се чувствуваат заштитено покрај мажот, да пропаднат во неговата прегратка, да не мораат да се откажуваат од слаткиот порок – висока штикла.

Воедно, илјадници коментари како висината нема врска и не е битна доколку двајцата се среќни и се сакаат, мажи кои се чувствуваат моќно покрај повисока жена, мажи кои не сакаат жената да делува посилно од нив.

Кој е вистинскиот одговор?

Не знам навистина. И затоа побарав помош од неколку dating експерти. Што кажаа? Ништо посебно. Не губи надеж беше најсветлата точка на нивното објаснување. А да. И не се ограничувај себеси. (Па, нели и јас го велам тоа!?)

И нема да ви прераскажувам сѐ, затоа што ќе ми треба една недела, а ме чека моето долго еспресо во висока шолја. :)

But know this…

Животот е полн со изненадувања. Различни луѓе, различен карактер, (во контекст на муабетот) високи и ниски, слаби и не толку слаби, моќни, повлечени, привлечни, гласни, забавни и не толку забавни. Ако се ограничите во барањето, ќе завршите вртејќи се во круг. Затоа, заборавете на луѓето кои НЕ ве импресионираат, колку и да изгледаат како вашиот/вашата идеален/идеална партнер/партнерка. Престанете да барате, туку едноставно отворете се, срушете го ѕидот од стереотипи и предрасуди и уживајте. Никогаш не знаете кого ќе запознаете следната недела. Можеби токму тој/таа е вистинскиот/вистинската.

Ве сака вашето

Високо Ц!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Теодора Reply

    И јас пијам долго еспресо во висока шолја. Исклучиво :)

  2. ema Reply

    jas mislam visoko! :)

  3. Marija Peica Reply

    jas sum za visoko:) spagjam vo ovie tall girls,ama ne mora da znaci sekogas,niti da se generalizira…

  4. Sunshine Reply

    I jas go imam istiot problem ama kako i da e si imam decko kosarkar:P Ama pred nego sum pagjala vo nenormalni depresii i seuste imam strav da se kacam na stikli iako gi obozavaaam!! I vistina sekad koga ke iskocma vo nekoj klub se osekam kako samo mojata glava da se gleda od site ostanati i kako strcam!!! Ama sepak sekoja visina si ima svoj prednosti!:D

  5. Фан Reply

    Тек ја откривам страницата и почнав да читам статии за интервјуа за работа и хороскоп и да си признаам…станувам фан на Високо Цееее :)))

  6. D Reply

    200cm dovolno visoko? :)

  7. Високо Ц Reply

    Таман! :)

  8. Ivana Reply

    Да ти кажам.. од една страна, разбирам како ти е бидејќи и јас имам проблем со висината…
    ама од друга, биди среќна што си висока..
    затоа што јас имам 16 години а сум 1.54 :/

  9. ВисокоА Reply

    Сеуште не можам да го најдам мојот Господин Висок :(
    Висока сум си 180цм, а на штикла 190цм………затоа ВисокоЦ сосема те разбирам за што пишуваш………Си имаме и ние високите девојки проблеми.
    И морам да напоменам, во мојот случај не доаѓа во предвид за дачко кој е понизок од мене :)

  10. :) Reply

    а 190цм доволни се или..? 😀

  11. sara Reply

    dali znae nekoj kako da porasnam? imam 16 god. a sum 1.60m

    • Metod Reply

      Мислам дека пропорционално би требало да пораснеш до 180цм до 18 години :)

  12. tea Reply

    i jas imam problem so visinata a decko mi koga sum na stikli e ponizok od mene i malku mi e glupo…..pa zatoa pocesto nosam cizmicki i baletanki…

  13. Visok A Reply

    Ej sara jas ke ti kazam kako da porasnes!!
    sekoj den po edna casa voda vo cevli i ke rasnes ko drvce :)
    Jas porasnav 200cm.
    DAMI ako vi e malku 200cm da porasnam uste malce?
    ako ne moze na po edno kaave:D ?

    • sara Reply

      kako ne te razbravv ? 😀

  14. Kristi Reply

    Istite problemi me macat i mene i si gi postavuvam istite prasanja 😀

  15. Даци Reply

    се пронајдов потполно во приказнава,страшно ми се допаѓа :) бај д веј мене ми треба некој од 1.90 па и нагоре 😀

  16. Anna Reply

    Еј стварно убава порака на крајот! ! ! Ме замисли дури

  17. Metod Reply

    Многу ме интересира какви се тие дејтинг експерти?!?!?! и како се станува еден од нив?!

  18. Johnny Bravo Reply

    Visoko C tuka imas komentari od mazi povisoki od 180cm taka da nikade ne se krijat.Samo treba da bidat otpovikani da se javat :)

Остави коментар